Вестите за прислушкувањето на телефонот на греманската канцеларка Ангела Меркле, од страна на САД, не стивнуваат. Според американските медиуми, претседателот на САД, Барак Обама сепак лично го одобрил прислушкувањето на мообилниот на Ангела Меркел.
Оваа вест предизвика вистински хаос, посебно во Европската унија. Според американските медиуми, одлуката на Обама за прислушкување на Меркел како и дозволата се донесени пред три години.
Последните новости за прислушкувањето на Меркел се дека целиот овој процес се одвивал 10 години, но Обама дал лична наредба некаде во 2010-тата година.
Исто така, американските медиуми пишуваат дека Обама дал наредба и за прислушкување на шефот на разознавачката служба на САД.
Уште колку новости ќе се појават за оваа афера која во секој момент може да ја премине црвената линија и да предизвика судири меѓу САД и Германија, останува да видиме. Според американските медиуми, претседателот на САД, Барак Обама сепак лично го одобрил прислушкувањето на мообилниот на Ангела Меркел.