Војника: Сакаа Реисот и мене да не дискредитираат со лажни чекови од Фабриката за афери

Во неодамна откриената фабрика за афери најверојатно се правени и фалсификуваните чекови со кои преку македонски новинар во Белград сакале да ме обвинат мене и претседателот на Исламската верска заедница за корупција, изјави Агрон Војника, портпарол на верската заедница, пренесе „Дневник“ .Војника додава дека спрегата била направена преку поранешни функционери во Скопското муфтиство, кои многупати во седиштето на ИВЗ го пречекувале токму Захир Бекири-Чауш, еден од неколкутемина осомничени за учество во криминални дејства што биле правени во објектот што неодамна го открила полицијата.
Поради тоа, пишува весникот, Војника е убеден дека чековите што биле објавени на порталот на македонскиот новинар со неговото и името на реисот Сулејман Реџепи биле изработени како фалсификат токму во фабриката за афери.
– Захир Бекири често доаѓаше во нашето седиште по покана на функционерите од Скопското муфтиство, кои се сменети по обидот за пуч од пред неколку месеци. За тоа постојат и видоеснимки од нашите сигурносни камери. Потоа, на порталот на македонскиот новинар во еден текст се појавија и два чека со впишани суми, а за кои во текст се наведува дека ние сме ги задржале за себе. Тоа, според тврдењето, било мито за ние да се согласиме на одредена фирма да и издадеме сертификати за примена на халал-стандарди во производството на храна за исламски верници. Сето тоа беше невистина, но сега се гледа од каде можеле да потекнат тие чекови, кои очигледно биле фалсификувани,  изјави за весникот портпаролот на ИВЗ.
На едниот чек, со името на реисот, била впишана сумата од 200.000 долари, а другиот од 92.000 евра, се однесувал на Војника.
– Веднаш се гледа дека станува збор за фалсификат. Не можам да укажам на сите нивни разлики во однос на некој оригинален чек, но тоа веднаш се гледа од начинот на кој се пополнети чекови. На пример, таму се наведени нашите имиња, но и името на ИВЗ. Значи, и наши имиња како приватни лица и име на ИВЗ како институција, односно, како правно лице. Тоа е неправилно и таков чек не може да се реализира. Целта било само тоа да се објави во јавноста за да бидеме дискредитирани, смета Агон Војника.
Преку порталот на македонски новинар во Србија често биле објавувани прилозите во кои раководните лица во ИВЗ биле обвинувани за различен криминал. Исламската верска заедница бара целосно да се расчисти овој случај за да се откријат и сите врски што осомничените лица ги имале и со поранешните вработени во верската заедница. Војника додава дека спрегата била направена преку поранешни функционери во Скопското муфтиство, кои многупати во седиштето на ИВЗ го пречекувале то

Пронајдете не на следниве мрежи: