ВОЛК НАДВОР ОД КОНТРОЛА: Гризнал 2-годишно девојче во Зоолошка градина!

Двегодишната К.В. се здоби со хематом и гребаници по грбот кога ја нападнал ѕверот, којсе оттргналод рацете на волонтерката Олгица М.Драма во Белград!
Девојче од неполни 2 години К.В. е повредена вчера околу 18:15, кога додека со родителите била во зоолошката градина на Калемегден, волк и  скокна на грбот! За среќа , девојчето во овој инцидент се здоби само со полесни повреди, но, сепак, ја транспортираа до Детската болница на контрола. Според Вук Бојовиќ , директорот на зоолошката градина во Белград, пред инцидентот , животното на поводник го шетала  волонтерката Олгица М (43).
И животното се исплаши
– Станува збор за млад волк кој волонтерката на тревникот го шетала и си играла со него. Според она како што јас сум известен, девојчето било со родителите и кога го видела животнаото, се оттргнала од кај родителите и истрчала кај него. Во тој момент, младиот волк веројатно и самиот се уплашил, се оттргнал од поводникот иму скокнал на девојчето на грб., – раскажува Вук Бојовиќ за српски Курир.

 

Волонтерката и родителите веднаш реагирале и го раздвоиле животното од детето.
– Веднаш се виде дека волкот најверојатно сакаше да го гризне девојчето па со забите и ја скина јакната, но нема никакви други видливи повреди. Дури отпосле лекарите забележале дека девојчето се здобило со гребаници на грбот, вели Бојовиќ.
Волонтерката се грижела за волкот
Како што неофицијално дознава српски Курир, станува збор за поларен волк, стар 5 месеци, која мајка му го напуштила кога бил бебе. После тоа волонтерката, која од неодамна работи во зоолошката градина на RTS, ја преземала грижата за него и го чувала. Волонтерката редовно го шетала волкот низ зоолошката градина и си играла со него фрлајќи му топка.
Инаку, животното по инцидентот е вратено во кафез.Драма во Белград!
Девојче од неполни 2 години К.В. е повредена вчера околу 18:15, кога додека со родителите била во зоолош

Пронајдете не на следниве мрежи: