Volkswagen Touareg со нов дизајн и нови технологии: Новиот V6 TDI мотор со 262 KC троши само 6,6 литри на 100 километри.• Надворешност – нов преден и заден дел; Bi-Xenon предни светла кои се стандард• Инженеринг – EU6 TDI со селективна каталитичка редукција SCR и слободно возење (возење по инерција)Моделот Touareg ја комбинира удобноста со сите погодности на супериорен SUV и теренски атрибути на едно софистицирано теренско возило. Оваа конфигурација на SUV со погон на сите четири тркала од Volkswagen во комбинација со стабилно off road возило наменето за патување околу светот, е фасцинација само по себе. Сега, Volkswagen на Touareg му даде забележливо поостар изглед, а во исто време и технички е подобрен во сите области. Новата генерација Touareg вклучува редизајниран преден и заден дел, нови системи за помош на возачот како на пример: системот за автоматско сопирање во случај на повеќекратен судир, сега е стандард, новата генерација на ACC – адаптивен темпомат, нови онлајн услуги, и значително повеќе ефикасни и помоќни V6 TDI мотори со селективна каталитичка редукција SCR, EU6 стандард и подобрена суспензија.
Првиот plug-in хибрид со гени од Golf GTI
– Golf GTE со 204 КС има опсег од 50 километри со електричен погон
– Golf GTE брилира со својата ефикасност, потрошувачка од 1.5 л. на 100 км и 11,4 kWh на 100 км според NEDC
Новот Golf GTE најпрво ќе биде прикажан во Германија
Десет клучни факти за Golf GTE:
1. Golf GTE може да помине 50 километри на електричен погон, а вкупно може да помине 940 km.
2. 1,5 л на 100 км и 11,4 kWh на 100 км според пресметката за просечна потрошувачка на гориво NEDC. Оваа потрошувачка е соодветна на 35g CO2 на km.
3 Golf GTE е првиот автомобил во светот кој ги нуди сите релевантни погонски системи.
4. Новиот Golf GTE овозможува возење со нула емисија и долги патувања
5.Турбо моторот со директно вбризгување (TSI) развива 110 kW / 150 КС, а електричниот мотор има 75 kW односно 102 КС.
6. Plug-in хибридниот систем има моќ од 150 kW / 204 КС, неговиот максимален вртежен момент изнесува 350 Nm.
7. GTE е трет GT модел од сериско производство. Како и иконата Golf GTI и моделот GTD, и новиот модел ги има истите спортски гени.
8. Новиот Golf GTE има максимална брзина од 222 km / h и забрзува до 100 km / h за само 7,6 секунди.
9. Стандардната GTE опрема вклучува: LED предни светла и “Composition Media” радио систем со 6,5-инчен екран осетлив на допир.
10. Golf GTE ќе биде лансиран на пазарот кон крајот на оваа година. • Надворешност – нов преден и заден дел; Bi-Xenon предни светла кои се стандард• Инженеринг – EU6 TDI со селективна катал