Оваа година Градот Скопје, со финансика поддршка на Македонски телеком и Т-мобиле, на своите граѓани им подготви волшебно доживување за време на новогодишните празници и незаборавна забава за дочекот на НОВАТА 2015 ГОДИНА, на плоштадот Пела. – И оваа година Град Скопје во соработка со Македонски Телеком и Т-Мобиле, ќе ја организира новогодишната забава за дочек на Новата 2015, и се надевам дека плоштадот Пела ќе биде место каде што граѓаните ќе се забавуваат и ќе уживаат и затоа ги поканувам сите граѓани да дојдат и таму да ја прослават Новата 2015 година. Годинава во центарот на градот ќе се организира првиот НОВОГОДИШЕН ВОЛШЕБЕН ПАРК со поставувањето на специјално новогодишно осветлување и украсување со декоративни елементи и украси, кој ќе има повеќе содржини:Новогодишен маркет, Детско волшебно катче, Распеана елка, Новогодишни работилници со млади дизајнери, Организирана забавна програма и за прват годинава ќе се организира и Дедомразовска трка, којашто е спонзорирана од Пивара Скопје. Мислам дека за граѓаните подготвивме интересни и посакувани содржини и се надевам дека во следните години уште повеќе ќе ги збогатиме содржините на Волшебниот парк, истакна градоначалникот Трајановски.
-И годинава со задоволство учествуваме во подготвувањето на волшебно доживување за време на новогодишните празници и очекуваме граѓаните да уживаат во одлична забава со познати музички рефрени, истакна Жарко Луковски главен извршен директор на T-Mobile Македонија.
Директорката на Универзална сала, Вера Бошковска, ги повика граѓаните да дојдат и да се забавуваат во НОВОГОДИШЕНИОТ ВОЛШЕБЕН ПАРК, во паркот „Жена-борец“, којшто од 25 до 30 декември ќе биде отворен за посетители од 11 до 21 часот, а забавните програми ќе се одвиваат од 16:30 до 20 часот.
Оваа година новогодишниот маркет ќе им овозможи на граѓаните на Скопје на 11 дрвени куќички, коишто ќе бидат новогодишно украсени, да купат или да пробаат пелчени колачи, вина, рачно подготвена чоколада, германски вурст (колбас), топли костени, како и на 5 куќарки декоративи рачно изработени новогодишни украси.
Распеаната елка е специјално изработена конструкција/платформа во форма на елка, новогодишно декорирана на која ќе настапуваат хорови коишто ќе изведуваат различен стил музика, односно новогодишни нумери, филмска музика, како и детска музика којашто ќе ја изведуваат детски хорови, а учесниците на Новогодишната работилници со млади дизајнери ќе го украсуваат паркот со цртање и декорирање џиновски лампиони, и секако организирана забавна програма којашто ќе биде со богати содржини.
Дедомразовската трка за која има подготвено 500 костими, ќе се одржи на 28 декември во 12 часот, со старт од плоштад Филип Втори, а целта ќе биде пред Собранието на РМ.
За пречекот на 2015 година, односно за НОВА ГОДИНА на плоштадот Пела ќе биде поставена бина, а присутните ќе ги забавуваат Дани, Маја Панчева, Ерик и Симона, Есма, Сузана Спасовска, Наум Петревски, Мустафа Имери, Даниел Кајмаковски и Куку леле, а Новата 2015 година ќе ја дочекаат со песните на Елена Ристевска.- И оваа година Град Скопје во соработка со Македонски Телеком и Т-Мобиле, ќе ја организира новогодишната забава за дочек на Новата 2015,