Вооружени разбојници напаѓаат мигранти кај Демир Капија!

Тројца вооружени разбојници во близина на Демир Капија во еден ден ограбиле две групи мигранти од Мароко заканувајќи се дека ќе ги убијат ако не им ги дадат парите. Од двете групи тие зеле 2.650 евра и еден мобилен телефон. Засега нема информации дека членовите на групата се приведени, а од полицијата велат дека работат на нивна идентификација и на апсење.Првиот случај е пријавен на 6 јануари во 13.30 часот. Според МВР, тројцата разбојници начекале двајца државјани на Мароко и им се заканиле со пиштол дека ќе ги застрелаат ако не ги испразнат чебоците. Тие од нив зеле 1.750 евра и еден мобилен телефон.
Во вториот случај веројатно истите разбојници начекале тројца државјани на Мароко и ја употребиле истата шема-со пиштол ги натерале да ги кренат рацете, а потоа ги пребарале и им зеле околу 900 евра. И во двата случаи полицијата трага по разбојниците.Инаку кон крајот на минатата година имаше серија грабежи на илегалци во земјава.
Па така на 8 декември двајца илегалци од Мароко бе претепани и ограбени од четворица насилници кои се претставиле како полицајци. Тие со дрвени палки и пиштол-запалка ги удирале странците па од нив зеле 600 евра, мобилни телефони и торба полна со алишта. Вооруженото разбојништво, според тврдењето на странците, се случило во близина на селото Миравци кај Гевгелија.Инаку досега неколкупати имало вакви и слични напади на илегалци кои често носат кеш со себе и се лесна цел за разбојниците. Најчесто се напаѓаат помали групи на илегалци и тоа во вечерните часови.
Пред само две недели двајца државјани на Мароко, кои според МВР илегално влегле во земјава, останале без пасоши и без пари откако биле ограбени кај Kатланово. Според информациите кои тие ги дале на полицијата, илегалците биле нападнати од тројца насилници, од кои еден бил вооружен со огнено оружје.Првиот случај е пријавен на 6 јануари во 13.30 часот. Според МВР, тројцата разбојници начекале двајца државјани на Мароко и им се заканиле со пишто

Пронајдете не на следниве мрежи: