Возењето велосипед ја зголемува желбата за секс

Научниците сметаат дека одредени спортови го подобруваат сексуалниот живот, покрај добро познатиот факт дека физичката активност од каков било вид го подобрува расположението и го крева либидото, особено кај жените.Во резултатите од истражувањето на Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско објавени во MedicalXpress, стои дека жените кои редовно возат велосипед имаат зголемена желба за секс, односно повисоко либидо.
Жените кои возат велосипед како редовна физичка активност имаат и подобра сексуална функционалност и помали шанси да се јави физичка непријатност за време на сексот, во споредба со жените кои не спортуваат.
Ова истражување ги поби некои досегашни истражувања кои укажуваа дека велосипедистите почесто имаат сексуални проблеми во споредба со оние кои не возат велосипед.
Научниците нагласуваат дека од друга страна, велосипедистите почесто страдаат од инфекции на уринарниот тракт, отрпнување на гениталиите и осип од седиштето.
Инфекциите честопати се јавуваат поради притисокот од седиштето на интимната зона, што ги „турка“ патогените бактерии подлабоко во телото. Долгите возења исто така може да доведат до стегнување на крвните садови, што може да резултира со отрпнатост на гениталиите.
Во истражувањето беа опфатени 3.118 жени од кои половината редовно возат велосипед. Лекарите ја споредиле нивната општа здравствена состојба, земајќи ги предвид параметрите како возраст, општа состојба на кардиоваскуларниот систем и индексот на телесна маса.Во резултатите од истражувањето на Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско објавени во MedicalXpress, стои дека жените кои редовно возат вело

Пронајдете не на следниве мрежи: