ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНАТИОТ АВИОН: Кинески хакер пред 13 дена ја најавил трагедијата. Никој не му верувал!

Мистериозен кинески блогер предизвика вистинска лавина на шпекулирања, откако го предвиде исчезнувањето на авионот на компанијата „AirAsia“, кој во неделата исчезна од небото над морето во Индонезија.Во серијата објави на кинескиот форум Tianya, датирани на 15 декември, анонимен корисник со прекарот Landlord, предупредува дека по трагедиите на летовите на Malaysia Airlines MH17 и МН370, тајната организација „Црна рака“ ќе собори авион на друга малезиска компанија, овојпат на компанијата „AirAsia“.
Никој не го сфаќал сериозно, сѐ до исчезнувањето на авионот кој пренесувал 162 патници и членови на екипажот на летот од индонезискиот Сурбаје за Сингапур.
Корисниците на Редит ги превеле оригиналните пораки од кинески и во нив постоеле премногу случајности за да се прогласат за продукти на бујна фантазија, или празно зборување на пореметено лице:
„Црна рака (метафора за тајна организација која ги држи конците зад кулисите), ги грабна и собори МН370 и МН17. Тоа практично ги уништи Malaysia Arilines. Сега, Црна рака ги напаѓа AirAsia за да ги уништи. Со оглед на силата на Црната рака, им препорачуваме на сите Кинези добро да размислат пред да влезат во авионите на оваа компанија, бидејќи постои можност да исчезнат како оние луѓе на летот МН370.“
Другите корисници на форумот му рекле дека пишува бесмислици и го обвиниле дека шири страв без било каква основа, на што тој им одговорил: „Само вие цивили држете се подалеку од таа авиокомпанија.“
За два дена, колку што Landlord бил активе на форумот, напишал 39 објави во кои ги повикува сонародниците да ја избегнуваат AirAsia. Никој не му придавал внимание на неговите објави, сѐ до исчезнувањето на авионот (ЛИНК).
Веќе се појавија теории дека тој е кинески разузнавач или хакер, а неговите пораки на форумот, наводно биле обиди да ги спаси сонародниците откако открил голема и тајна завера на кинеските власти.
Интересно е дека на малезискиот авион кој исчезна во неделата, не се наоѓал ниту еден кинески државјанин.Во серијата објави на кинескиот форум Tianya, датирани на 15 декември, анонимен корисник со прекарот Land

Пронајдете не на следниве мрежи: