ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Камера го сними моментот кога полицаец уби црномурест тинејџер на бензиска!

Откако полицијата го уби 18-годишниот црн тинејџер на бензиска пумпа во вторникот навачер во предградието на Сент Луис, полицијата одлучи да ја објави снимката од злосторството.„Во страв за својот живот, полицаецот испука неколку куршуми, погодувајќи го осомниченото лице со што му нанесе фатална повреда. Другото осомничено лице избегало од местото на настанот“, изјави гласноговорникот на полицијата на Сент Луис.
Снимката на сигурносната камера потврдува дека полицискиот службеник го застрелал мажот кој извадил пиштол и го вперил кон него додека му приоѓал на бензиска пумпа во Беркли.
Убиено уште едно црномуресто момче од страна на полициски службеник!
Видеото беше објавено со цел сведоците, кои исто така ги снимила камерата, да се јават во полиција и да ги дадат своите искази.
По инцидентот се огласи и шефот на тамошната полиција:
„Донесени се лоши одлуки. Вклучувајќи ја и одлуката на полицаецот да не употреби пиштол за зашеметување и да не носи службена камера на униформата“, изјави Џон Белмар.

Тој додаде дека убиениот, Антонио Мартин, имал досие и дека од претходно ѝ е познат на полицијата.
Треба да се истакне дека Беркли се наоѓа на неколку минути оддалаченост од Фергусон, каде што полицајците го убиле Мајкл Браун по што во целата земја биле покренати протести против претерано насилните полициски методи.
Како светот гледа на ситуацијата во Фергусон? (1 дел) (2 дел)
По смртта на Мартин, имаше протести и во Беркли кои прераснале во немири. Еден полицаец настрада од експлозија, а друг беше погоден со цигла.
„Во страв за својот живот, полицаецот испука неколку куршуми, погодувајќи го осомниченото лице со што му нанесе фатална повреда. Другото осом

Пронајдете не на следниве мрежи: