ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Полицаец застрелал Афроамериканец поради неисправно светло на автомобилот!

Полицаец од Северна Каролина осум пати пукал во еден маж, а откако било објавено видеото кое јасно потврдува дека куршумите биле испукани без оправдана причина, тој бил обвинет за убиство.Случаен минувач го снимил настанот со мобилен телефон.
Инцидентот се случил во саботата, кога полицаецот Мајкл Слејгер го запрел автомобилот на жртвата, бидејќи не му работело задното светло.
На снимката се гледа дека настанала турканица пред Валтер Лејмер Скот (50) да се обиде да избега. Полицаецот го извадил пиштолот и му пукал дури осум пати во грб!
Полицаецот изјавил дека стравувал за својот живот. Останува прашањето како би завршил случајот, да не беше видеото кое го сними случен минувач, кого братот на убиениот го нарекол херој.

Тој снимал и кога двајца други полицајци дошле да помогнат, но веќе било предоцна.
Во последно време е забележан раст на тенизиите во американското општество врз расна основа, бидејќи чести жртви на полицајците се црнци, каков што е случајот и овој пат.
Погледнете го видеото:
Случаен минувач го снимил настанот со мобилен телефон.
Инцидентот се случил во саботата, кога полицаецот Мајкл Слејгер го запрел автомобило

Пронајдете не на следниве мрежи: