Двајца членови на ултра-десничарската партија Златна зора беа убиени на почетокот на овој месец во атинското предградие на Нео Ираклио. На снимка од безбедносна камера, која се појави на интернет, може да се видат како убијците ладнокрвно пукаат во телата и главите на жртвите.Видеото, објави српски Телеграф, прикажува како четворица стојат и зборуваат на улица и по само кратко време настанува караница и двајца млади луѓе бегаат од тоа место. Во следниот миг, две неидентификувани лица со капи на главите им приоѓаат на двајцата ултра-десничари, пукаат неколку куршуми во стомакот на првата жртва, додека на другиот во близина од само неколку сантиметри му испукаа неколку куршуми во главата.
Младиот човек побегна во непозната насока, со еден соучесник, кој цело време стоел настрана и веројатно чувал стража.
Ладнокрвната ликвидација се случи на 1 ноември, а грчката полиција веднаш започнала со истрага. Сторителите се се уште на слобода.
Пукањето следувало по неколку недели откако било подигнато обвинение против шест пратеници во грчкиот парламент од редовите на „Златна зора“, поради нивно вклучување во “криминална организација”, како дел од пресметката против ултра-десничарите, веднаш по убиството на анти-фашистичкиот активист и рапер, Павлос Фисаса (34).Видеото, објави српски Телеграф, прикажува како четворица стојат и зборуваат на улица и по само кратко време настанува караница и двајца млади луѓе