Вработување на млади лица до 29 години во Битола

Во Битола се вработени 550 млади луѓе со мерката за Вработување на млади до 29 години на Владата на РМ.Комисијата за труд и социјална политика при ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола ги поздравува мерките за вработување на Владата на РМ. На ниво на Општина Битола оваа мерка успешно се спроведува. Голем број на фирми аплицираат за оваа мерка при што голем е бројот на млади лица до 29 годишна возраст кои се вработуваат. На територијата на Општина Битола со оваа мерка се вработени околу 550 млади лица до 29 годишна возраст.
Владата на  Р.Македонија создава можности за младите, при што се преземаат остварливи активности и мерки за намалување на невработеноста и подобрување на вработливоста на младите невработените лица. Последна во низата мерки за поттикнување на вработувањето на невработени млади лица во Република Македонија е ставање во законска рамка на можноста за ослободување од плаќање на социјални придонеси на работодавачите кои ќе вработат лице до 29 години.
Со оваа можност, работодавачите од приватниот сектор кои ќе вработат невработени лица до 29 годинишна возраст со полно работно време, се ослободени од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување како и придонес за пензиско и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и  осигурување во случај на невработеност.
Ослободувањето од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување на месечна основа се однесува до просечна бруто плата за претходната година за период од 12 месеци, сметано од денот на вработувањето на  лицето. Доколку работодавачот исплати повисока бруто плата од просечната ќе треба да изврши доплата на придонеси од задолжително социјално осигурување само за разликата над просечната бруто плата.
Вкупните ослободувања за работодавачите изнесуваат: 27 % по основ на социјалните придонеси и 10% персонален данок на доход, односно ослободување од 37%. Покрај ослободувањето од социјалните придонеси работодавачот е ослободен и од плаќање на персонален данок на доход за тоа лице, можност за што веќе постои законско решение Обврска на работодавачот е да го задржи лицето на работа дополнителни 12 месеци, по истекот на периодот во којшто е ослободен од плаќање придонеси од  задолжително социјално осигурување.
Особено важно  е  да се истакне дека ослободувањето од плаќање на социјалните придонеси и персонален данок на доход важи и за самовработување на млади невработени лица до 29 години. Услов кој треба да го исполнува работодавачот кој ќе вработи невработено лице до 29 години, е да нема намалување на бројот на вработените на неопределено време после 31.12.2013 до денот на вработувањето на новите работници за кои ќе важи оваа можност, се разбира освен во случаи на смрт или пензионирање или заради прекршување на Законот за работни односи од работникот.
Секој  Работодавач за да ја користи  оваа системска мерка, поволност и ослободување, треба само  да поднесе барање до Агенцијата за вработување за користење на оваа можност и бенефиција.
Работодавачот кој неосновано, ќе го намали бројот на вработени во период од 24 месеци и ќе го откаже договорот за вработување со ангажираното лице, има обврска за плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување. Во случај на неосновано откажување на договор за вработување работодавачот е должен во рок од 15 дена да вработи друго невработено лице до 29 годинишна  возраст.
Со овие законски измени на Владата на РМ, системски се влијае  на поттикнување на вработувањето  на младите лица од една страна, а за работодавачите претставува големо олеснување и поддршка затоа што државата им ги намалува трошоците за ангажирање на работен кадар односно ги ослободува од трошоци кои можат да ги задржат и да ги употребат во друга функција за развој на бизнисот.
Целна група која може да се опфати со оваа мерка се околу 45.000 млади невработени лица до 29 години кои се наоѓаат на евиденција на Агенцијата за вработување, од кои 25.000 се изјасниле дека се активни баратели на работа и 20. 000 се изјасниле дека се пасивни баратели на работа. Со мерката за вработување се опфатени  младите лица до 29 години како што се: програма за самовработување, субвенционирање на вработувањето, практикантство, различни видови на обуки.
Периодот од 2006-та година до денес, го одбележа намалувањето на невработеноста која е конкретно изразена преку бројки и проценти. Во овие осум години како резултат на  овие политики се вработени околу 108.000 лица, или ако во 2006 година стапката на невработеност изнесуваше околу 38 отсто, денеска  таа изнесува 28,7 отсто.
Иднината на една држава ја засноваат младите луѓе. Тие се потребни овде, и Владата на Република Македонија ќе продолжи да создава можности, преку кои младите ќе може да си обезбедат своја егзистенција и кариера.Комисијата за труд и социјална политика при ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола ги поздравува мерките за вработување на Владата на РМ. На ниво на Општина Битола о

Пронајдете не на следниве мрежи: