ВРАЌАЊЕ ВО ИДНИНАТА: Што беше предвидено во 1993 година, а што НАВИСТИНА се остварило!

Најголемата американска телекомуникациска компанија AT&T, во 1993 година лансираше серија реклами со тематика што би можеле да прават луѓето од иднината. За разлика од големиот број на футуристички концепти, предвидувањата на оваа компанија се изненадувачки точни.Еве ги нивните предвидувања:
„Дали некогаш сте изнајмиле книга која се наоѓа илјадници километри оддалечена од вас?“ – Праша АТ&T
Во 2007 година, одговорот е ДА. „Амазон“ го претстави Киндл, кој им овозможува на луѓето да купуваат или изнајмуваат книги преку интернет.
Најава: „Насекаде ќе возите и тоа без да прашувате за насока“
Развојот на навигацијата во 2000. година стана стандард, а денес е составен дел од секој паметен телефон.
„Преку банкомат ќе купувате карти за концерт“
Ова никогаш се нема остварено, меѓутоа, милиони луѓе купуваат карти преку интернет, што во суштина е слична работа.

„Ќе носите здравствен картон во паричникот“
Некои луѓе ги носат своите медицински податоци на УСБ.
„Ќе присуствувате на состанок каде и да се наоѓате“
Денес доста луѓе одржуваат состаноци преку интернет.
„Ќе можете да разговарате преку нараквица“
Денес постојат доста паметни нараквици кои ја извршуваат оваа функција.
„Дали некогаш сте гледале филм веднаш штом сте го посакале тоа?“
Нетфликс, Амазон Инстант Прајм, Ајтјунс, и НВО го овзоможија сето ова.
„Ќе праќате факс додека се наоѓате на плажа“
Компанијата малку промашила со ова предвидување, со оглед на тоа дека имејлот е подобро и поедноставно решение.
Погледнете го видеото од нивните предвидувања:
Еве ги нивните предвидувања:
„Дали некогаш сте изнајмиле книга која се наоѓа илјадници километри оддалечена

Пронајдете не на следниве мрежи: