Вреќа со рогови

Ако поинаку не ни стокмат во фото-финишот на предизборието оние што веќе се навикнавме да ги анализираме како задолжени за стокмување, Македонија ќе одржи предвремени парламентарни избори на 11 декември. По принципот трета мајка, среќна мајка. Еве веќе започнаа да се нижат настаните што треба да ја подготват македонската нација за новата сеанса наизборно собирање рогови во вреќа. Нова сеанса што, според природата и карактерот на собировкиве, може да се случи единствено и само во политиката. И никаде на друго место. Бидејќи на ниту едно друго место, а посебно не во пазарната економија, во пазарно-профитните субјекти што работат според стандардите за квалитет, конкурентност, и иновативност, не успеваат да функционираат различни видовирогови, со различна природа, карактер и габарит, во една иста вреќа. Тоа очигледно е возможно и доходовно само вополитиката. Зошто како поинаку да се објасни најавената опозициска изборна вреќа која ќе им биде понудена на граѓаните, асоставена од роговите на СДСМ, роговите нашарената „револуционерна преобразба“, роговите на разно-разни џихадистички субјекти, роговите на новосклепаната левица, заедно со роговските експонати на фродемскатадесница.
А да.Не смееме да ги заборавиме и еколошките рогови што треба да и дадат зелен колорит на роговската вреќа. За да делува демек натурално, и прифатливо за окото на македонскиот гласач. Тоа што во внатрешноста на вреќата е се црно, тоа нема врска. Како поинаку да се објасни оваа хаотична спојка освен како фалс изборен производ. За комплетирање на апсурдот во вреќата ќе бидат надодадени и оние рогови што сезонски шетаат наваму натаму. Роговите за сите сезони.
Секако, спојувањето, или поточно монтирањето на роговиве во изборната низа ќе се случува исклучиво според потребите на странскиот налогодавач, кој е единствено овластен и лиценциран проценител да дефинира колку и кои од роговите на секоја од „ендемскиве“ врсти треба да се најдат на изборните листи. Понуденатамешанија од рогови наидните опозициски изборни листи ќе биде чудо на природата. Иако македонските граѓани знаат дека овие спојки не можат да соберат два и два без да се искараат за конечниот резултат,сепак, тие во следниве стотина дена ќе ни бидат понудени како алтернатива на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Оваа кошмар мешанија од рогови, ќесе обиде да му се сервирана македонскиот гласач како алтернатива која наводно ќе треба да понуди подобар економски успех во земјата,нови вработувања, нови патишта, нова инфраструктура, подобро здравство, подобро образование, поголеми пензии, зголемени плати, поефикасна администрација.
Роговиве во опозициската изборнавреќа ќе треба да ни понудат подобра македонска полиција, подобра македонска армија, подобро судство, јавно обвинителство, подобро високо образование, подобра социјална политика…И сето тоа без никаква претходно заеднички подготвена изборна програма, без елементарен капацитет за заедничко работење во интерес на македонската држава и на македонските граѓани.
Како е можно да се очекува заеднички македонски настап на роговите што во низа ќе бидат поврзани одстрански ментори? Како е можно овие рогови да зборуваат за некакви македонски интереси, кога самата менторска шема во која тие статираат е комплетно антимакедонска? Однапред се знае дека не може да се очекува ништо добро за државата од роговитешто странски фактор ги нанижал на конец според неговиот вкус, а за интерна употреба.
Еве да замислиме, иако само хипотетички, роговскава опција да успее да земе доволен број пратеници за да може да состави нова македонска Влада. Каков роговски црн хумор ќе биде тоа за целата држава. Кога раштиманиве, но диригирани од странци роговиќе се распостелат по државните ни структури, кога ќе почнат да бодат секој на свој начин, секој на своја страна, секој според своитеинтереси. Кога сите рогови во вреќата ќе мислат дека се капиталци и дека се најзаслужни за позицијата што ја добиле. Кога фарбаните рогови ќе почнат да си ставаат ордени за храброст и роговски мантии со целпосебно одбележување на нивното значење во системот. Ордени дека без нив роговската револуција не би можела ниту да почне.
Можете ли да си замислите на што ќе личи македонската власт кога разно-разни ебиветри и џихадистичко-едуцирани рогови ги запоседнат клучните политички позиции во земјата, и каде на свирче со мелодијата на различните странски химиќе требаат да се постројуваат секој ден за да добиваат наредби за политичко делување под паролата заштита наинтересите на македонскиот народ и на македонската држава.
Можете ли да си замислите како би функционирала спојката на роговите на Заев и неговата потесна дружина со најавениот фронт инстант креирани рогови за еднократна употреба. Како таа од сите страни продупчена торба заради калибарот на роговите ќе сврзе едно со едно, ќе договори едно во едно, ќе смисли едно за сите.
Простете, ама ваква лудило испомешана торба, Македонија нема видено во својата подалечна, а богами и понова историја. Иако сево ова е на ниво на хипотетичка претпоставка, што би било кога би било, а никогаш нема да се случи, сепак добро е да не замисли,за да вклучиме аларм кој ќе не држи будни за доброто на државата. Ваква роговска стратегија без компас, ваковроговски комплот без визија и развојна програма, не заслужува никој од нас, не заслужува Република Македонија.
Добро е да го оставиме алармот вклучен, за постојано да не потсетува зошто овие избори навистина треба да имаат референдумски карактер. Референдум за зачувување на македонската кауза ина македонската држава, која роговите,преку нивниот менторски планер, сакаат да ја изрешетаат по должина и по широчина. Мене ми е јасно дека опозициската торба ќе има еднократна сезонска употреба. Јасно ми е дека на крајот истата ќе послужи како рудолфски декор под новогодишната елка во центарот на Скопје, но сепак, мораме сериозно да ги збиеме редовите, мораме сериозно да се организираме и да се сплотиме во интерес на зачувување на нашата татковина, Република Македонија. Треба да покажеме поголема внимателност кон роговите. Посебно кон оној вид што нема ама никаков проблем да биде ставен во низа по туѓ шаблон за да служи на туѓите, немакедонски интереси.
Тања Каракамишева-ЈовановскаПо принципот трета мајка, среќна мајка. Еве веќе започнаа да се нижат настаните што треба д

Пронајдете не на следниве мрежи: