Најголемата Neuland Sensorium сцена во Македонија е подготвена. Адреналинот полека се крева, затишје пред бура, возбуда, исчекување. Оние кои беа дел од најголемите летни забави, дел од Skopje Calling, Ohrid Calling, или пак беа на некоја од “Step into the Unknown„ забавите веќе вкусија дел од светот на непознатото, но тоа што сите ги очекува денес во Мала Станица е еден поинаков, мултисензорен настан.Авантура за паметење е тоа што ја опишува претстојната голема забава, Мала Станица ќе се претвори во место каде што ќе може да се види звукот, да се вкуси бојата и да се слушне вкусот. Македонската публика ќе има можност да зачекори во еден поинаков свет и да ја покаже својата авантуристичка страна, а во исто време и добриот вкус за музика и менталитет за забава. Дали сте подготвени за светот на непознатото, дали сте подготвени за визуелни фигури, за измешани вкусови, шарени коктели и луди ноти на фина музика?
Џинот на звукот Џијан Емин со нетрпение се подготвува за ексклузивно да го одржи својот прв солистички концерт во Македонија. Како што вели, Neuland е досега невиден спектакл за Македонската сцена и за подиумот за играње. Од другата страна на шанкот, тој што ќе ги измеша вкусовите ќе биде нашиот најдобар џин на вкусовите – Филип Арнаудов. Едноставно, се погриживме најискусните водичи да ве однесат во светот на непознатото, заедно да ги отркиете звуците, вкусовите и формите на новиот свет.
Подгответе ги вашите сетила за експлозија, врзете го појасот, а компасот оставете го дома и достигнете го врвот. Денес, ао почеток во 21 часот, во Мала Станица заедно ќе откриеме нова димензија, ќе зачекориме во Neuland и ќе бидеме ко-креатори на една незаборавна приказна.Авантура за паметење е тоа што ја опишува претстојната голема забава, Мала Станица ќе се претвори во место каде што ќе може да се види звукот, да