Време е за нешто ново во нападот, време е за Христијан Кировски

Голгетерски расположениот Христијан Кировски е на добар пат да повторно се врати во македонската национална фудбалска селекција, како увертира за тоа се головите кои ги постигнува во грчки Ираклис и инзвонредната форма во која се наоѓа овој одличен напаѓач.
Македонската фудбалска репрезентација е во очајно ниво кога станува збор за напаѓачката линија, па тука селекторот Јаневски постојано менува и ротира со цел да го добие најдоброто од списокот, но, никако тоа да дојде до потребниот ефект – голови.
27-годишниот Кировски кој има богата интернационална кариера блеска во грчки Ираклис и испрати јасна порака до селекторот Јаневски дека е во топ форма и целосно подготвен за кам-бек во националната селекција.
Во Ираклис, нашиот интернационалец на 22 одиграни натпревари постигна 12 погодоци, па полека но сигурно на овој голгетер му се отвора шанса за настап на пријателскиот натпревар со Бугарија, што нашата селекција треба да го одигра во август.
Инаку, за нашата национална селекција, Кировски има одиграно 2 натпревари без постигнат гол.Голгетерски расположениот Христијан Кировски е на добар пат да повторно се врати во македонската национална фудбалска

Пронајдете не на следниве мрежи: