Времето денес: Краткотраен дожд, па разведрување

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со краткотраен локален дожд, повеќе врнежи се очекуваат во југоисточниот дел на земјава.Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 14 до 20 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно со пониски дневни температури, локално е можен краткотраен дожд, особено во западните планински предели.
В среда ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа повторно се очекува извесно стабилизирање на времето.Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 14 до 20 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи: