Времето утре ќе биде врнежливо, а во петок и за викенд…

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во североисточниот и источниот дел на земјава. Преку денот ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец.Во Скопје слично време, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, но повремено ќе бидат обилни. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Во петок се очекува извесно стабилизирање на временската состојба кај нас, но за време на викендот, односно сабота и недела, повторно се очекуваат врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во југоисточниот и источниот дел на земјава.

Пронајдете не на следниве мрежи: