Врховниот суд чини само кога се ослободуваат блиски на Заев

За СДСМ и медиумите под нивна контрола, Врховниот суд чини само кога се ослободуваат блиски луѓе на Зоран Заев.По вчерашното ослободување од притвор на Сеат Рахиќ – Сетко, со одлука на Врховен суд, кој беше во притвор откако беше уапсен во полициската акција „Мрежа“ за создавање на криминална група за трговија со дрога, СДСМ и медиумите под нивна контрола молчат.
Одлуките на Врховен за нив веќе не се ословуваат како катастрофални и не се пишуваат цели фермани и прилози во оцрнување на судот и прикажување на истиот дека се наоѓа под наводна контрола и притисок на ВМРО-ДПМНЕ, како што тоа беше случај кога од страна на истиот суд беше донесена истата одлука за случајот со Сеад Кочан.
Но, Кочан ја нема истата среќа како Сетко, кој е брат на Есад Рахиќ – Еско, поранешен пратеник од редовите на СДСМ и претседател на градската организација во Скопје, но и не е добар пријател со Зоран Заев, па да не биде на мета на медиумската мелница на СДСМ, која по потреба се вклучува и исклучува, зависно од желбите на Бихаќка.
Инаку, по одлуката на Врховен за Кочан, Телевизијата 24 на Заеви излезе со наслов: „СЈО бара изземање на Вангеловски од притвор за Кочан, се сомнева во пристрасност“.

Телма пак, наоѓаше наводни експерти и пишуваше како наводно катастрофална била одлуката на Врховен по случајот Кочан.
 

Но сега, за случајот на Сетко, ги нема ниту експертите, ниту телевизиите кои очигледно не пуштаат прилог без истиот да биде одобрен од Бихаќка.
Врховниот суд очигледно им чини само кога се ослободуваат блиски луѓе на Заев.
Истата тортура од медиумите на СДСМ ја преживуваше и Советот на јавни обвинители, кој беше обвинуван за пристрасност и дека работи под наводен притисок од ВМРО-ДПМНЕ, што се испостави дека било целосна измислица за потребите на медиумската војна од страна на СДСМ.
Маските паднаа со одлуката на Советот да ја прифата одлуката за разрешување на Републичкиот обвинител Марко Зврлески, со што згаснаа сите критики на медиумите на СДСМ врз Советот, кој беше под канонада дека е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, обвинување кое пропадна во вода.
Имено тогаш иако претседателот на Советот, Аневски немаше замерка за работата на Зврлески, беше разрешен, под очигледен притисок на Заев, како што тогаш пишуваше порталот „Република“ во нивниот текст под наслов: „Одлуката за Зврлевски е донесена под притисок од Заев“.
Во случајот со Сетко, Врховен суд ја уважи неговата жалба со што му е укинат притворот. Инаку, Сетко беше во притвор заради вршење кривично дело создавање на група за препродажба на дрога во Скопје и внатрешноста. Кокаинот го купувале од лице од Србија, а  ја продавале по цена од 3000 до 3500 денари од пакетче. При преземените мерки претрес во возилото на Сетко и домовите на неговата група била пронајдена дрогата. Сетко, покрај тоа што е близок пријател со Заев со кого често биле во гледани низ скопските кафулиња, беше и чест посетител на протестите на шарената револуција.
 

Одлуките на Врховен чинат само кога се ослободуваат блиски на Заев, па така во изминатиов период од три години, СДСМ преку своите медиуми се обидуваше да наметне лажно креирано јавно мислење дека правосудниот систем во земјата е под наводна контрола и притисок на ВМРО-ДПМНЕ, што полека но сигурно се ипоставува како целосна манипулација на СДСМ за дефокусирање на јавноста од сите акции и планирани сценарија за соборување на ВМРО-ДПМНЕ, почнувајќи од разни пленуми, до шарената револуција.
Сега откако СДСМ дојде на власт гледаме кој всушност има контрола врз правосудниот систем и врши притисок врз истиот, со медиумите ставени под своја капа.
Со доаѓањето на Заев на власт на површина почнаа да излегуваат и нелегалните ветувања кои им ги давал на криминални структури и нивните фамилии, за истите да застанат позади него за време на изборната кампања. На таа тема на Шења говореше и Шпетим Положани, претседател на здружението на албанските политички затвореници во Македонија кој истакнува дека СДСМ на македонските Албанци за време на декемвриските избори им ветувал противправни ослободувања од затвор за луѓе кои се осудени за тешки кривични дела и чии роднини во надеж дека нивните блиски ќе бидат ослободени агитирале за СДСМ.
-Имам евидентирано неколку случаи каде на албански семејства, СДСМ им има ветено дека ако гласаат за нив ќе ги ослободи од различни кривични пријави, дека ќе им дадат некакви си привилегии, секако ако дојдат на власт. Самиот факт дека СДСМ има најмногу албански гласови во руралните места, таму каде што полесно луѓето се контролираат кажува дека тие гласови ги има добиено со манупулирање и празни ветувања. И добро е што СДСМ нема гласови од албански интелектуалци, потенцираше Положани.
Ваквите најави на Заев не се единствени и БЕСА бара ослободување на обвинетите во судските случаи „Монструм“ и „Диво Насеље“, кои според нив биле судени по двојни стандарди. Евидентно е дека со ваквите преседани кои Заев ги прави со цел да им се оддолжи на криминалните структури кои застанаа позади него во изборниот период се поткопува правната држава и владеењто на правото, за да се спаси рејтингот на една политичка партија кај тие структури.По вчерашното ослободување од притвор на Сеат Рахиќ – Сетко, со одлука на Врховен суд, кој беше во притвор откако беше уапсен во полициската

Пронајдете не на следниве мрежи: