Месечевата диета полека ја стекна популарноста откако Мадона и Деми Мур одлучија да се придржуваат кон неа.Оваа диета е позната и како „врколак диета“ и се базира на идејата дека Месечината влија на водата во нашиот организам на ист начин како што влијае на плимата и осеката во океаните, па така може да помогне при слабеење.
Некои нутриционисти тврдат дека со помош на оваа диета може да се ослабне и до три килограми за 24 часа. Иако постојат безброј варијанти на Месечевата диета, сите се базираат на прочистувањето на организмот со помош на течности неколку дена месечно или во време на полна или млада Месечина. Тогаш најлесно се ифрлуваат токсините од организмот со помош на течности и сокови.
Критично е да се започне диетата на истиот ден кога ќе започне месечевата фаза. Ако нова фаза започнува среде ден, може да јадете што сакате што сакате сѐ до таа минута, а потоа започнува режимот кој трае 24 часа, велат експертите.
Месечината влијае на водата во организмот и помага во детоксикација и слабеење. Колку повеќе се пијат течности, Месечината сѐ повеќе ќе влијае и ја исфрлува непотребната вода од организмот. Така ќе се исфрлат токсините кои се собирале во телото поради нездравата храна, лошото варење и стресот, а детоксикацијата ќе го зајакне имунолошкиот систем. Покрај тоа, за 24 часа можат да изгубите и до три килограми поради количеството вода кое ќе се исфрли од телото.
Но, експертите се поделени за оваа диета и велат дека ако Месечината навистина има влијание за намалување на водата во организмот, тој ефект е само привремен, бидејќи ќе ослабете само ако го изгубите вишокот на телесни масти.
Секоја диета која ги ограничува калориите ќе резултира со губење на тежината, а ова е уште една диета кон која треба да се придржувате краток период.Оваа диета е позната и како „врколак диета“ и се базира на идејата дека Месечината влија на водата во нашиот организам на ист начин как



