Врски од претходниот живот: 70 % од личностите ги познаваме од претходните инкарнации!

Џуотиш познат на Западот како индиска астрологија, многу е моќен и прецизен метод да предвидување на иднината. Покрај оваа веќе позната максима, докажана на безборј случаи во пракса малку е познато дека Џуотиш одлично ги открива и опишува нашите односни со блиските личности во претходниот живот. И во оваа улога Џуотиш е сосема прифатлива и лесно разбирлива и прифатена од познавачите на  астрологијата, затоа што оваа древна наука се темели на теоријата на КАРМА( законот на акција и реакција, верувањето, судбината) и реинкарнацијата.
Најголемите умови на Џуотиш, заточениците и творците на најпознатата астролошка класика, Парашара Муни и Варахамира, ги темелат своите опсерваџии и записи на минатото, сегашното и идното раѓање на индивидуата во овој материјален свет. Тие ни говорат дека кога ние повторно ќе се родиме ја пренесуваме својата карма од претходниот живот во сегашниот живот а со своите дела создаваме ново кармичко семе- профит и долгови- се додека еден ден не достигнеме мокша, конечно ослободување од врзаноста за материјалниот свет и неговите продукти. 
Во своето ново раѓање( во процесот на реинкарнација) ние повторно се среќаваме со околу 60 до 70 % од личности кои веќе сме ги знаеле во претходниот живот. 
Едноставно кажано, тоа значи дека со околу 60 такви блиски личности кои припаѓаат на нашето поблиско семејство или друштвениот круг- татко, мајка, сопруг/сопруга, деца, внуци, љубовници, блиски пријатели, колеги, непријатели и слично- повторно се среќаваме од претходниот живот. 
Што значи дека ако некој во минатиот живот ни бил на пример татко сега има некоја нова врста на однос. 

 
Со други зборови некој кој во претходниот живот ни бил татко во овој може да биде наша мајка, ќерка, брат итн…Ако ни бил пријател сега може да ни биде непријател…
Видот на односот кој сме го имале со сегашните блиски личности во претходниот живот може лесно да се открие на темелот на распоред и положба на планетите во нашата карта на раѓање, како и во картата на блиските личности. Со споредувале на овие карти може да се откире и опише постоечкиот однос односно да ни каже за значајни работи како: 
1.Видот на односот кој сме го имале во претходниот живот( дали ни била мајка, татко…)
2.Дали тој однос бил добар или лош, пријателски или непријателски?
3. Количината на кармичкиот долг помеѓу блиските личности- кој кому повеќе должи и што должи ( според универзалните закони кармичкиот долг мора да се отплати)
4. Постои ли потреба за отплата на поголема количина на кармичкиот долг во што е можно пократок рок ( ова е важно затоа што долгот кон блиските личности не го пренесуваме во следниот живот)
5.Животното подрачје во кое должникот ќе дава потпора и на тој начин ќе го отплати кармичкиот долг. 
6.И дали постои нерешена односно изедначена ситуација во која се наоѓа иста количина на кармички долг помеѓу две личности. 
Сведоци се дека во својот живот минуваме низ различни семејни, љубовни и социјални или деловни односи кои со одредени личности се позитивни а со одредени негативни. Па така со некои блиски сме позитивно настроени а други едноставно не ги поднесуваме и ги избегнуваме.

 
Така се случува некој од нашите блиски личности во животот несебично да ни ја пружа својата поддршка и охрабрување, жртвувајќи го на нас своето време и енергија кога и да ни е  потребно, додека некои други блиски луѓе „дигаат ѕидови“ за нас. 
Зошто е тоа така? Иако се трудиме и настојуваме со сите да одржуваме релативно добри односи, некои ситуации едноставно ни бегаат од контлола и покрај нашата најдобра волја, некоја личност од нашата блиска околина „ни забива нож во грб“ кога за тоа ќе и се укаже прилика.
Доказите за ова се секаде околу нас- во реалниот живот ( во семејството, на работа, меѓу пријателите). Сведоци сме на мал милион вести од црна хроника( син си го уби таткото, мајката го претепала детето, и сл) – наслови со кои секојдневно сме бомбардирани. 
Споменатите наслови недвосмислено укажуваа на „отплатата“ на кармичкиот долг а видот на таа отплата некогаш е позитивен но некогаш е и негативен, зависно од видот на однос кој сме го имале во претходниот живот со одредена блиска личност. А видот на тој однос навистина може да биде шаренолик. 
Па така некои наши блиски личности во секогашниот живот едноставно не „излудуваат“ со своето ноншалантно однесување и негрижата за себе, и ние секојдневно вложуваме енергија и сила да го „доведеме во ред“ додека некои други блиски луѓе ни ги „полнат батериите“ зрачејќи на нас со добра вибрација и позитивен начин на размислување. Некои блиски несебично не сакаат а некои не можат да не поднесат. 
„Разоткривајќи го својот претходен живот, подобро ја сфаќаме својата сегашност,  и создаваме цврсти темели за својата среќна иднина“Покрај оваа веќе позната максима, докажана на безборј случаи во пракса малку е познато дека Џуотиш одлично ги открива и опишува нашите односни

Пронајдете не на следниве мрежи: