Вртоглав пад на вредноста на нафтата на светските берзи

Една од најактуелните теми во изминатиот период е секако цената на бензините. Намалувањето на цените е резултат на вртоглавиот пад на вредноста на нафтата на светските берзи, коментираат експертите. Од денеска има ново поевтинување за 4,5 денари. Еуросупер 98- ќе се продава за 67.00 денари по литар, Еуросупер- 95 за 65.50, а дизелот за 56 денари. Екстра лесното масло ќе чини 44.50 денари, а мазутот 27.512 денари.За една година горивата поевтинија за 15 %
Пред една година, еуросупер-95 чинеше 77 денари, еуросупер-98 се продаваше по цена од 78,5 денари, еуродизел чинеше 69 денари. Тоа значи дека сегашните цени на бензините се за околу 15% пониски од ланските. Истиот период односно 17 декември во 2012 година дизелот чинел 72,5 денари за литар, додека еуросупер-95 се точеше за 80 денари, еуросупер-98 достигна 81,5 денари за литар, покажуваат податоците на официјалниот сајт на Регулаторната комисија за енергетика, анализира „Лидер.“
Бензините во декември 2011 имаа сосема друга цена, односно тие се нудеа по пониска во однос на онаа во декември 2012 година. Така еуросупер-95 чинеше 75,5 денари, еуросупер-98 по цена од 77,5 денари и еуродизел се точи за 69 денари.
Во изминатите 5 години бензинот беше најскап во февруари 2013-та кога достигна 87 денари по литар, а најевтин во јануари 2009-та кога се симна на 47 денари.
Ниските цени на горива се позитивни за Македонија
За земјите кои што се увозно зависни како Македонија, ниските цени на горивата ќе донесат позитивни импликации. Она што е сигурно е дека домашниот буџет ќе има бенефит од поевтино полнење на резервоарот. Транспортерите, пак, коментираат дека ова е шанса да обезбедат некаков профит бидејќи нивните цени досега не биле на рентабилно ниво.
„Кога се намалуваат цените на горивата сите корисници бараат намалување на цената на услугите, но никогаш не дозолија да се покачат цените кога се зголеуваа вредностие на горивата, меѓутоа апелираме до транспортерите да не си конкурираат меѓу себе , затоа што и овие цени се далеку под рентабилните цени затоа што се појауваат нови возила. Ние како амкеоднски превозници каскаме позади превозниците од другите држави“ велат од Макам Транс.
Според Мите Јованов од Макоил реално е намалувањето на бензините бидејќи цената на нафтата на светските берзи драстично паѓа, а очекувањата на аналитичарите се дека овој тренд ќе продолжи. Јованов укажува дека сите овие состојби со нафтата се предизвикани со цел да се дестабилизира руската економија.
Во овој период нафтата на светските берзи поевтини во просек за 12.5%, а горивата кај нас за 7.6%. Помалата разлика регулаторите ја правдаат со повисоката вредност на доларот во однос на денарот.За една година горивата поевтинија за 15 %
Пред една година, еуросупер-95 чинеше 77 денари, еуросупер-98 се продаваше по ц

Пронајдете не на следниве мрежи: