Вртоглава сума: Украинската криза го чини светот 750 милијарди евра!

Поради драмите во една од најголемите европски земји на границата помеѓу ЕУ и Руската Федерација, разбранувана е состојбата на светските берзи како и европското земјоделство.Кризата која веќе со месеци ја тресе Украина од темел и поради која Русија и голем број држави од Западот неодамна меѓусебно си воведоа санкции, според прогнозите на политичарите до сега го чини светот стотици милијарди евра, а доколку продолжи наскоро би достигнала и износ од 750 милијарди евра. Поради овој факт кризата остава драматични последици и за глобалната економија.
„Прва погодена е Украина, но и земјоделството во Европа. Меѓутоа, ситуацијата и понатаму е во дилеми и не можат потполно јасно да се одредат сите последици. До сега ситуацијата во Украина доведе до пад на цените на нафтата, а санкциите од Русија би претставувале голем проблем за Европа поради увозот на енергија. Всушност, голем број држави како Италија и Германија,во голема мера се зависни од рускиот гас, а се наближуваат студени денови. Дури сега останува да се види како пред грејната езсона ќе се однесуваат релевантните членки на ЕУ кон Украина, сега кога гасот веќе нема да пристигнува од таа земја“, истакнал Иван Николиќ, кој е член на Одборот на гувернери на Народната банка на Србија и научен соработник на Економскиот институт во Белград.
Меѓународниот монетарен фонд го изнел податокот според кој, доколку би продолжила украинската криза и би се изострилесанкциите на Европа и САД кон Руската Федерација, настанатата штета би можела да се процени помеѓу 375 и 750 милијарди евра.Кризата која веќе со месеци ја тресе Украина од темел и поради која Русија и голем број држави од Западот неодамна меѓусебно си воведоа санкции, сп

Пронајдете не на следниве мрежи: