четврток, 12 ноември 2026
Најново

Врз основа на Закон се покренати петнаесет тужби против техничката министерка Ременски поради незаконско работење

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во однос на дадената изјава за медиумите од страна на техничкиот министер за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски ја информираме јавноста дека врз основа на Закон се покренати петнаесет тужби  против техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски,  поради  незаконско  работење, односно незаконско разрешување на директори на Центри за социјални работи и јавни установи кои се форма на партиски реваншизам и смислено сценарио за блокада на проектите кои се реализираа од страна на министерството, се вели во реакцијата од дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов.Техничката министерка за труд и социјална политика го прекрши Законот за Влада  каде е наведено дека сите правни, кадрови и финансиски прашања се потпишуваат од техничкиот министер и од дополнителниот заменик министер.  Согласно Законот за Влада  решенијата за разрешување на директорите немаат правна сила бидејќи не се потпишани и од дополнителниот заменик министер.
Исто така техничката министерка именуваше за в.д директор на ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци-Топанско поле, лице кое не ги исполнува условите да биде  директор спротивно на Законот и Статутот на установата.
Техничката министерка направи прекршување на Законот за социјална заштита  каде е утврдено дека  министерот за труд и социјална политика и директорот може да потпишат менаџерски договор за допрецизирање на правата и обврските.За нејзина информација повторуваме дека  во законот нема рок за потпишување на договорот, ниту пак, е предвиден основ за разрешување на директорот ако не потпише менаџерски договор а ниту законски не е дефинирана содржината на договорот.
Тоа  е договор кој се потпишува во согласност со вољата на двете страни или двете страни треба да ја усогласат содржината на договорот.
Фросина Ременски  незаконски  постапила и со разрешување на  тројца директори, кои беа  разрешени наводно поради тоа што не доставиле годишни извештаи согласно Закон за социјална заштита а истите извештаи се доставени за 2012, 2013 и 2014 година за што има конкретни докази, додека пак рокот за поднесување годишен извештај за 2015 е до крајот на февруари оваа година.
Јавноста знае дека Фросина Ременски е посветена на партиската агенда а не на проектите кои и се обврска. Нејзината агенда е јасна, да ги блокира проектите и  да измислува и да фабрикува лажни афери.  Таа за ваквото незаконско постапување ќе сноси одговорност според Законот.
Жално е што денешната посета на едно  опожарено семејство ја искористи бескрупулозно и за повторно да шири лаги и манипулации за ситни политички поени.
Дополнителен заменик министер за труд и социјална политикаТехничката министерка за труд и социјална политика го прекрши Законот за Влада  каде е наведено дека сите правни, кадрови и фин

Поврзани вести