Вселената преполна со дијаманти?!

Неверојатно откритие на научниците од Универзитетот Висконсин-Медисон кои велат дека во вселената има дијаманти, поточно во атмосферата на планетите Јупитер и Сатурн. Во надворешните делови на џиновските планети Јупитер и Сатурн има преголемо количество на дијаманти. Кон јадрото, температурите се толку високи што дијамантите се топат во капки, велат научниците.
Парчиња од дијаманти лебдат во течна состојба на водородот и хелиумот длабоко во атмосферата на двете планети. На некои делови на Сатурн дијамантите ги има во толкави размери Што може да се наречат и дијамантски брегови, објавиле научниците од Универзитетот Висконсин-Медисон  во информацијата, која била пренесена од сајтот „Спејс“!!
Во научната јавност е познато дека дијамантите во цврста состојба можат да постојат во релативно студените јадра на Нептун и Уран, но дека за Јупитер и Сатурн се сметало дека се преголеми за да дојде до нивно формирање.
Дијамантите на Сатурн и Јупитер потекнуваат од помалку вредниот материјал – од гасот на метан, кој го има во атмосферата на двете најголеми планети од Сончевиот систем.Во надворешните делови на џиновските планети Јупитер и Сатурн има преголемо количество на дијаманти. Кон јадрото, температурите се толку високи што

Пронајдете не на следниве мрежи: