На 6-ти декември (вторник) во 11 часот во Младинскиот културен центар (МКД), по втор пат ќе се одржи Саем за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје.Оваа година НВО саемот ќе се одржи под мотото “Преку Волонтерство до Активно Граѓанство”.
На вториот НВО саем е предвидено свои презентации да имаат голем број на здруженија на граѓани и фондации кои се регистрирани на територија на Град Скопје, но и организации/фондации кои не се регистрирани во Скопје, но дел од своите активности ги спроведуваат за бенефит на граѓаните на Скопје.
И оваа година учесниците за подобро вмрежување ќе имаат можност да ги презентираат своите активности пред јавноста и другите здруженија, да разменат искуства и да дадат сугестии за понатамошна соработка, а ќе бидат организирани и три тематски мини.
За потсетување, на минатогодишниот НВО саем учество зедоа повеќе од 60 здруженија на граѓани и фондации.
Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје се организира како дел од активностите за одбележување на 5-ти декември, Меѓународниот ден на волонтерството. Овој саем е во организација на здружението на граѓани „Волонтерски центар Скопје”, а финансиски е поддржан од Град Скопје.Оваа година НВО саемот ќе се одржи под мотото “Преку Волонтерство до Активно Граѓанство”.
На вториот НВО са