Драган Вучичевиќ, главен и одговорен уредник на најтиражниот весник Информер во синоќешната емисија „Во Центар“ на Васко Ефтов анализираше дека Специјалното јавно обвинителство во Романија имало за цел намалување на нивниот економски раст и креирање поголема зависност од меѓународна помош.-Внимавајте, во Романија, веројатно тоа вашите гледачи не го знаат. Виктор Понта, Премиерот на Романија по сите показатели и романски и европски, на него и ММФ и Светска Банка му признаваат дека е најуспешниот премиер во модерната историја на Романија. Тој е човек кој ги врати сите долгови на Романија, тој е човек кој ги заврши успешно сите аранжмани и со ММФ и со СБ, вели новинарот.
Тој објаснува во каква состојба бил доведен Понта и од кого.
-Во моментот кога ја доведе Романија во позиција на економски независна држава, во тој момент ја активираа таа Специјална Обвинителка за која вие говорите. И таа го обвини Виктор Понта дека затаил данок за приход од 5000 евра, значи данок од 1000 евра, 1000 евра, во време кога бил адвокат или некој бизнисмен, што и да бил пред да стане Премиер пред 10 или 12 години. И за тоа го нападнаа, а потоа го натераа да поднесе оставка поради пожар во дискотека во Букурешт и ја втурнаа Романија во хаос. Политички и економски хаос. И вие сега ја имате Романија која наместо плус и суфицит кој го имаше во времето на Понта, има минус и дефицит, додава Вучичевиќ.
-Внимавајте, во Романија, веројатно тоа вашите гледачи не го знаат. Виктор Понта, Премиерот на Романија по сите показатели и романски и европски, н