среда, 25 ноември 2026
Најново

Вучиќ: ЕУ мигратската криза да ја решава во Грција и Бугарија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска во Париз ја повика ЕУ проблемот со мигратската криза да го решава на своите надворешни граници, односно во Грција и Бугарија, јави Танјуг.– Европската унија треба овој проблем да го решава на сопствените надворешни граници. Србија не може да биде првата и последната заштитна брана на Европа. Некој треба да го реши проблемот на границите на Грција и на Бугарија, кои се члнеки на ЕУ, порача Вучиќ.
Српскиот премиер, кој се наоѓа во посета на Франција, нагласи дека Белград ја презема својата одговорност во врска со мигрантскта криза и продолжува да покажува солидарност кон проблемот со бегалците.
Вучиќ нагласи дека „ѕидови и огради“ долж границите не се неопходни, бидејќи тие не се добро решение за никого.
Во рамки на посетата на Париз, Вучиќ денеска со директорот на Банката за развој на Советот на Европа, Ролф Вензел потпиша договор со која оваа финансиска институција на Србија ќе и додели 755.000 евра неповратни средства наменети за згрижување на бегалците и мигрантите во земјата.
Тоа претставува дополнение на помошта од 2,5 милиони евра, која Банката за развој веќе ја имплементираше и најава за нови грантови за српската Влада за нејзините идни потреби, како за мигрантите, така и за локалното население.– Европската унија треба овој проблем да го решава на сопствените надворешни граници. Србија не може да биде првата и последната заштитна бра

Поврзани вести