Вучиќ: Европската Унија да престане да лаже и барем 15 минути да се држи до договорот!

Српскиот премиер Александар Вучиќ денес повторно „распали“ по Европската Унија барајќи да завземат јасна позиција, и како што рече, „барем 15 минути да се држат до договореното во дијалогот Белград-Приштина“Вучиќ, коментирајќи ја изјавата на портпарлоката Федерика Могерини и Маја Коцијанчиќ дека Белград и Приштина треба да ја смират реториката и да не испраќаат запаливи пораки, ја повка ЕУ барем 15 минути да се држат до она што го предложиле, бидејќи претходно се договориле дека ќе го предупредат оној кој прв ќе го прекрши договорот.
„Ништо не сум запалил, напротив гледав да го смирам она што другите го запалија“, рекол Вучиќ и додава дека ЕУ нема храброст да каже кој го погазил договорот и дека треба да ја гледаат сопствената улога, дали на тој начин го губат угледот или не.
„Сега вас ве прашувам, дали Дојче Веле на српски и албански јазик први ја објавија информацијата. Дали прв излезе Тачи или Мустафа со изјава…зошто не реагираа?“ прашува Вучиќ.
Тој ја повика ЕУ да каже зошто лажат во интерпретацијата на она што вчера се случило во Брисел, наведувајќи дека се било вистина, а дека сеуште нема кажано што се друго се случувало.Вучиќ, коментирајќи ја изјавата на портпарлоката Федерика Могерини и Маја Коцијанчиќ дека Белград и Приштина треба да ја смират реториката и да не

Пронајдете не на следниве мрежи: