Вулводинија: Оваа болна состојба може да го уништи вашиот сексуален живот, а докторите не знаат која е причината

Скоро  16 проценти од сите девојки на светот страдаат од болка која се  јавува на вулвата околу влезот на вагината и која може да трае  подолго и од три  месеци. Не, тие не се невротични или промискуитетни, туку  страдаат  од состојба која се нарекува вулводинија.Оваа состојба ги погодува девојките на секоја возраст, сексуални определенија и љубовен статус.
 Болката  која тие ја доживуваат  е крајно брутална и  може да се опише како  убод од нож.
До болката може да дојде кога нешто ја иритира вулвата, кога  ја допира облека или при  обид за пенетрација, а  во најлош случај може да биде и константна.
Во случај да чувствувате болка во  вулвата-  во  подрачјето од клиторисот до анусот и  од лабијата до внатрешноста на бутините, а не постојат јасни траги на повреди- тогаш страдате од оваа состојба.
Три од 20 девојки во својот живот ќе страдаат од вулводинија, а последиците можат  да бидат многу  сериозни. Девојките кои страдаат  од оваа состојба имаат  големи проблеми кога носат  долна облека, седат или користат  тампони, дури и  сексот станува неподносливо болен.
Докторите сметаат  дека пресудна улога во настанувањето на ова пореметување имаат мастоцитите (клетките на имуниот систем) кои  се „пречувствителни“ на нормални надразнувања од околината и  реагираат  како  да се работи  за воспелителна реакција.
Но, и понатаму не е точно познато што  е причината за вулводинија.
Во  случај да се сомневате дека ја имате, прво  би требало  да го посетите својот доктор и  да побарата упат за гинеколог кој ќе ви помогне да се изборите со  оваа состојба.
Лечењето вклучува лекови, но и третмани  од други експерти како  што  се психолози и  физиотерапевти кои  вклучуваат  масажа на мускулите и  карлицата и  тренинг кој   ја намалува затегнатоста  во  тоа  подрачје.
Што  се однесува до хигиената, би требало  да избегнувате сапуни или  купки и  да користите само обична вода, додека за време на секс треба да користите лубриканти.Оваа состојба ги погодува девојките на секоја возраст, сексуални определенија и љубовен статус.
 Болката  која тие ја доживуваат&

Пронајдете не на следниве мрежи: