Whitesnake на 14 јуни во Белград

Великаните на рок музиката познатите Whitesnake , две години после заедничкиот концерт со Judas Priest,се враќаатво Белград на 14 јуни.
Овој пат концертот ќе се одржи на отворено на Калимегдан во рамките на турнејата „Years of the Snake“ и како што најавуваат од организаторите од Авалон продукција, старите рокери ќе се обидат да ги изведат нивните најголеми хитови.
Концертот ќе се одржи на 14 јуни оваа година само два дена пред големиот концерт во Братислава , а најверојатно ова ќе биде и нивна последна турнеја.
Фановите неодамна ги израдува и веста, дека во составот на групата  за концертот ќе се врати и легендарниот тапанар Тommy Aldrige.
„Кога ги прашав во бендот, да напишат листа на омилени тапанари, кои ги сакат за оваа турнеја, сите по ред го напишаа неговото име. Фановите на интернет исто така немаа дилема. Судбината сакаше повторно да работиме заедно. Ова ќе биде прекрасна турнеја“- вели Coverdale
 На концертот се очекуваат големите хитови како „Love Ain’t No Stranger“ „Give Me All Your Love“,„Is This Love“, „Here I Go Again“, „Fool For Your Loving“, „Still of the Night”, а можеби и дел од песните на David Coverdaleод времето на Deep Purple.
По трет пат во Белград, тие планираат да ја крунисат својата кариера, токму во годината на змијата, која почнува од 10 февруари по кинескиот календар, а тоа како што тие самите велат носи среќа и благосостојба.
Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба на 7 февруари.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Великаните на рок музиката познатите Whitesnake , две години после заедничкиот концерт со Judas Priest,се враќаатво Белград на 14 јуни.

Пронајдете не на следниве мрежи: