Wizz Air ја објави својата намера да формира нова авиокомпанија во Малта

Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија за ултра евтини
летови во Европа и една од најодржливите, објавува дека базирано на документот
‘Arrangement on Reallocation of Responsibility’ кој беше потпишан денес помеѓу
Агенцијата за Авио Безбедност на ЕУ (“EASA”) и Директоратот за Цивилна Авијација
на Малта (“CAD”) имаме намера да испратиме барање за нашата подружница во
Малта да добие “Air Operator’s Certificate” (“AOC”) од EASA и лиценца за работа од
CAD.
Во зависност од потврдата за своите AOC и OL од EASA и CAD, Wizz Air Malta може да
започне со работа во октомври 2022 година со авиони регистрирани во Малта.
Главниот извршен директор на Wizz Air, József Váradi изјави: „Со задоволство ја
објавуваме нашата намера да основаме нова авио подружница во Малта. Wizz Air
постојано проценувајќи ја структурата на својот бизнис, ги истражува опциите за
воспоставување нови AOC и бази во Европа и пошироко. Успешното основање на
Wizz Air Malta подоцна оваа година ќе помогне да се зајакне нашата силна позиција и
да се поддржат нашите планови за проширување во Европа. Со нетрпение
очекуваме да работиме со EASA и Малтешката Управа за Цивилно
Воздухопловство за да го забрзаме ова брање“.
Patrick Ky, извршен директор на EASA, изјави: „Ова ќе биде нов чекор во веќе
добро воспоставената соработка помеѓу Агенцијата, Управата за цивилно
воздухопловство на Малта и Wizz Air. Оваа нова поставеност, каде што една група
ќе управува со повеќе AOC со седиште во различни земји-членки, но надгледувана од
истиот надлежен орган, ги демонстрира достапните можности преку пренесување
на одговорностите на EASA. Со нетрпение очекуваме да работиме заедно на
издавањето на овој сосема нов AOC и последователните активности за надзор“.
Капетан Charles Pace, генерален директор на Дирекцијата за цивилно
воздухопловство Малта, изјави: „Чест е да се има Wizz Air како една од
авиокомпаниите што ја избира Малта како едно од нивните главни деловни места.
Тимскиот напор и пристапот на CAD уште еднаш се покажа како победничка
формула. Би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на
извршниот директор и одборот на Wizz Air за нивната доверба и со нетрпение
очекувам да работам со EASA и Wizz Air во издавањето на AOC и AOL.”

За Wizz Air
Wizz Air, најбрзорастечката ниско-буџетна авиокомпанија вo Европа, управува со флота од
154 Airbus A320 и Airbus A321 авиони. Во Wizz Air, тим од авијациски професионалци нудат
извонредна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над
10.2 милиони патници во финансиската година која завршува на 31 Март 2021. Wizz Air
котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ. Компанијата неодамна беше именувана за
една од десетте најбезбедни авиокомпании во светот од страна на airlineratings.com,
единствена светска агенција за рејтинг на безбедност и производи, а неодамна беше
именувана за „Европска авиокомпанија на годината – 2020“ од страна на ATW,
најпосакуваната чест што може да ја добие една авиокомпанија или индивидуа, и
најодржлива компанија во авионската индустрија во 2021 година од страна на World Finance
Magazine.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.