YouTube воведува нов дизајн за својата ТВ апликација

YouTube штотуку воведе нов дизајн за својата ТВ апликација која се очекува да биде достапна за сите корисници во наредните недели.Новиот дизајн треба да донесе популарни карактеристики на Youtube и да ја зголеми интерактивноста на платформата.Главната промена е намалената големина на видеата, пишуваат странските медиуми , пренесува Телеграф.Покрај визуелните промени, новиот дизајн ќе вклучува и широк спектар на искуства како што се купување и гледање различни резултати во живо, како и подобрувања на постојната функционалност на апликацијата во коментарите на видеото.Првенствено, новото искуство се фокусира на можноста за читање рецензии додека сеуште го имате видеото пред очи.Тоа е интересен концепт кој ќе им овозможи на претплатниците на YouTube TV да истражуваат во апликацијата без да го прекинуваат она што го гледаат.

Пронајдете не на следниве мрежи: