YouTube почнува да го наплаќа гледањето видеа

За да може да прегледаат некоја содржина од специјализиран канал,  корисниците на популарниот Google-ов видео сервис YouTube, од неделава ќе мора да платат претплата.Како што јавува Financial Times, претплатата за некои канали ќе изнесува 1,99 долари, а околу 50 канали ќе се наплаќаат.Претплатниците ќе имаат пристап до ексклузивни снимки, ТВ емисии и филмовиПлаќањето на претплатата би можело да ги отстрани и рекламите од бесплатните снимки.YouTube ја преуреди страницата и воведе канали во декември 2011 година, а во октомври лани воведоа партнерски канали како BBC Worldwide On Earth, ITN, Jamie Oliver Food Channel Mixmag TV, Channel 4, Film 4, Howcast и The Onion.Се уште не познато кои од овие канали ќе се наплаќаат, а од заработените пари ќе се финансираат нови ТВ и филмски канали кои ќе се прикажуваат исклучиво онлајн.Новите канали му помогнаа на YouTube да ја прошири својата публика на милијарда корисници, кои месечно прегледуваат близу шест милијарди часови снимки.YouTube се уште официјално не ги потврдил плановите за претплата, но портпаролот на Google наведува: „Гледаме да создадеме платформа за претплата за да можеме да створиме уште подобра содржина за нашите корисници“.Гласините за претплатата почнаа уште во јануари, кога управата на YouTube се состана со групата продуценти.
МакфаксЗа да може да прегледаат некоја содржина од специјализиран канал,  корисниците на популарниот Google-ов видео сер

Пронајдете не на следниве мрежи: