За 2,4 проценти се пониски трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

За 2,4 проценти се пониски трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во третиот квартал годинава, споредено со истиот квартал лани. Кај трошоците за материјали има намалување  за 4,3 проценти, а кај трошоците за вработените зголемување за 2,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.За 2,4 проценти се пониски трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во третиот квартал годинава, споредено со истиот квартал лани. Кај трошоците за материјали има намалување  за 4,3 проценти, а кај трошоците за вработените зголемување за 2,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во третото тримесечје во споредба со второто тримесечје годинава  статистиката бележи намалување на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување за 0,5 проценти,  на трошоците за материјали за 1,3 проценти, додека трошоците за вработените се повисоки за 1,5 проценти.
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучување градежните договори.За 2,4 проценти се пониски трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во третиот квартал годинава, споредено со истиот кв

Пронајдете не на следниве мрежи: