На 27. јули, со пригодна свеченост што ќе се одржи во познатиот кичевски манастир Св. Пречиста Богородица, ќе стартува илинденската коњаница по врвиците на учесниците на Илинденското востание и најголемите илинденски боишта.Во организација на Здружението „Манастир св. Пречиста Богородица – Кичевска коњаница“, на годинашниов коњанички марш ќе учествуваат 20ина млади луѓе од Кичево и Госативар, како и од Демир Хисар. По втор пат, нашава општина ќе ја претставуваат претседателот на Советот на општината Ѓоко Василевски и неговиот содружник Горан Николовски од Суводол.
„Сите подготовки за 7. дневниот коњаничи марш се приведуваат кон крај и покрај извесните потешкотииso со кои што, досега успешно се справуваме. Кичевскиот марш, оваа година организаторски и концепциски е поинаков од минатата, а според маршрутата, еединствен, оригинален и сосема поразличен од останатите коњаници, бидејќи првпат ќе помине по вистинските комитски врвици и боишта, и низ најреволуционерниот крај на Македонија – местата што претставуваат вистинската гордост на македонската револуционерна идеја“ изјави претседателот на Советот Ѓоко Василевски.
На првиот ден од Маршот, коњаницата ќе помине низ кичевските села Манастирско Доленци и Србјани, а потоа и градот Кичево каде што кратко ќе се задржи во градската соборна црква свети Петар и Павле. Истиот ден патувањето ќе продолжи преку Другово, Пополжани, Видрани, Брждани, Свињишта и Козица, родното село на Јордан Пиперката, каде што е планирано преноќиште. Следниот ден, односно 28. јули, коњаницата ќе помине низ Белица, Прострање, Велмевци, Големо Илино, со крајна дестинација и преноќување во манастирот свети Илија на Илинска Планина. На 29. јули, коњаницата го продолжува маршот по шумски и потешко проодни делници што водат до Смилево, а по сртот на Илинска и Бигла Планина, односно да го изоди неколкукилометарскиот шумски пат преку месноста „Еврејка“, манастирот св. Петар кај Смилево и Смилево каде што, исто така, коњаницата ќе преноќува. Овој настан засега е единствен и оригинален по својата смисла, порака и симболика. Градоначалникот на Демир Хисар, за овој настан подготвува свечен пречек со осмислена уметничка програма.На 30. јули, коњаницата, повторно по шумски патишта, ќе го продолжи патото кон Демир Хисар каде што, пред зградата на општината, повторно ќе биде организиран пречек, а градоначалникот Блажевски ќе организира мал прием за сите учесници на коњаницата. Вечерта коњаницата ќе преноќува во славно Прибилци, а следниот ден, односно на 31. јули, преку Сладуево, Журче и Острилци, коњаницата ќе го продолжи патот до крајната дестинација, Крушево.
Целата организација на оваа скоро 140. километарска рута јаспроведуваат самите учесници на маршот,а за време на патувањето низ територијата на Општина Демир Хисар, локалната самоуправа, неколку други јавни претпријатија и установи, како и бизнисмени, ќе организираат дочеци, како и соодветна логистичка поддршка во храна, освежителни пијалоци и средства за лична хигиена.Во организација на Здружението „Манастир св. Пречиста Богородица – Кичевска коњаница“, на годинашниов коњанички м