За каква заедничка прослава зборуваме кога Бугарите не признаваат ништо македонско

На вчерашната емисија Ѕид на Телевизија Алфа ТВ каде се говореше на тема Дoговорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија каде што гости беа Тодор Чепреганов и Стефан Влахов Мицов. Pрофесорот Чепреганов изјави дека добри односи со соседите се сегоаш добредојдени и треба да бидат врз база на взаемно почитување и почитување на разликите помеѓу државите.
 
Според него процесите што се случувале кон крајот на 19 век и до ден денес се уште се изразени.Велат дојдено е време да се надмине омразата, а зборуваат за еден народ, заедничка историја тој додаде.
 
Тој истакна дека Борисов вели дека може да збориме за историја на Македонија од 1991, тие бараат од нас и македонските историски учебници да ги менуваме.
 
,,Јас не познавам држава во светот која учи од туѓи историски учебници. Доколку Македонија ги промени учебниците ќе стане прва држава во светот која го дозвила тоа.”
 
Тој изјави дека заедничката прослава на Илинден ќе биде политичка одлука, а не одлука на историчарите и никако нема да биде одлука поткрепена од историски факти. Според Борисов историјата на Македонија започнува од 1991. Од 1945 до 1991 според него сме биле под комунистичка дикататура и не сме можеле да се изразиме како бугари додаде професорот.
 
За прашањетп дали во македонските учебници по историја постои омраза кон некои од нашите соседи говори фактот дека во 2009 година македонските учебниците беа прогласени за едни од најдобрите во европа токму од европската комисија за образование, бидејќи во нив се застапени историите на сите балкански држави истакна професорот. Сите балкански држави имаат националистички истории само ние немаме бидејќи ја послушавме европа.
 
Според Чепреганов во целата оваа ситуација Македонија е цело време во дефанзива и само од Македонија се очекува да направи отстапки.
 
,,За каква заедничка прослава говориме кога не признаваат Бугарите ни македонска нација, ни јазик, ни култура ниту пак македонско малцинство.”
 
Тој праша дали ќе го празнуваме Илинден како еден народ или како две посебни нации. Зошто Борисов не се поклони на споменикот на Ченто и со тоа да покаже респект кон македонската држава. Димиторв вели дека договорот е крај на Македонизмот и претварање на Македонија во втора бугарска држава.
 
 
Стефан Влахов Мицов пак го постави прашањето зошто бугарите сакаат само одредени делови од македонската историја, а не чепкаат во Крсте Петков Мисирков и Григор Прличев кои јасно се декларираат како македонци.
Тие бараат заедничко славење на Илинден најголемиот македонски празник и најголемото македонско востание.
 
Тој истакна дека огромни бугарски напори имало од секогаш за заедничко славење на Илинден и тоа на највисоко ниво на бугарски претседатели. Во 2003 година на 100 годишнината на Илинден, Парванов правел огромни напори и притисоци врз Трајковски за заедничко чествување на празникот. Во 2013 на 110 годишнината од Илинден повторно имало притисоци овој пат врз Иванов од Плевнелиев за заедничко славење на Илинден. Иванов во тој момент им понудил три други алтернативни датуми за заедничко славење меѓу кои денот кога Бугарија ја признава самостојноста на Македонија и денот кога се воспоставуваат дипломатски односи помеѓу двете земји. Иванов во тој момент му рекол на Плевнелиев како не ви е срам да ја блокирате Македонија во евроатланските процеси кога во 1998 година кога една од обврските кои требаше да ги исполните за влез во ЕУ ви беше да ги подобрите односите со соседите меѓу кои и со Македонија ние ви помогнавме. Плевнелиев на тоа му одговорил кој ви е виновен кога сте биле глупи. 
 
Влахов изјави дека Бугарите инсистираат декларацијата од 1999 да биде вметната во договорот бидејќи токму таа декларација е на штета на македонските национални интереси и тоа во два правци. Во првиот дава можност на Бугарија да се меша во внатрешните работи на Македонија и да бара права за ,,бугарското малцинство во Македониja’’ , а од друга страна бара од Македонија да се откаже од македонскот малцинствго во Бугарија. Вториот правец е непризнавањето на постоење на македонскиот јазик.На вчерашната емисија Ѕид на Телевизија Алфа ТВ каде се говореше на тема Дoгов

Пронајдете не на следниве мрежи: