Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врвот на своите приоритети работи за младите луѓе.Лидерот на владејачката партија денес промовираше 5 нови проекти за младите, но потенцира и дека во изминатиов месец ипол се спроведени 4 многу значајни за оваа категорија.
-Минатиот месец го објавив проектот „Купи куќа за млади до 35 години“ и ова ветување го остваривме. Законот веќе помина во парламентот, тој проект веќе започна да се реализира и од пред 6 дена заинтересираните лица можат да аплицираат за финансиска поддршка за стекнување на куќа под мошне поволни услови какви што немало никогаш досега во Република Македонија. Ова е проект со кој директно им се помага на илјадници млади луѓе до 35 години да си обезбедат куќа под исклучително поволни услови со поддршка на државата. Неповторлива можност со која без оглед дали се во брак или се сами, младите од земјава имаат можност преку два модела да добијат неповратни средства за да си го решат прашањето за куќа, рече Груевски.
На почетокот на месец декември беа најавени, а од почетокот на годинава почнаа да се реализира уште две други значајни мерки за младите.
-Со цел грижа за повисок студентски стандард обезбеден е бесплатен превоз за сите редовни студенти од државните универзитети во јавниот градски сообраќај, секој ден во неделата, на сите линии. Второ, покрај слободниот четврток наменет за студентите, се отпочна со проектот Средношколска среда со кој се обезбедија бесплатни билети за театрите, музеите, кината и бесплатен превоз на жичарницата на Водно за средношколците, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така, на студентите на најдобро рангираните универзитети кои имаат просек повисок од 9,5 и се пред дипломирање, Владата ќе им обезбеди бесплатно патување во една од атрактивните дестинации- Париз, Венеција и Барселона.
Сите трошоци ќе бидат покриени од страна на државата.Лидерот на владејачката партија денес промовираше 5 нови проекти за младите, но потенцира и дека во изминатиов месец ипол се спроведени 4 многу зна