Општина Центар и годинава, традиционално, ги додели годишните награди „Феникс“ како знак на признание за особени постигнувања во стопанството, уметноста, воспитувањето, образованието и спортот.„Ова ни е еден од најдрагите и најбитни проекти, сакаме да ги наградиме оние кои се најдобри и чие достигнување е од значење за развојот на општината. Крајот на годината е вистинско време за сумирање на резултатите и за наградување на најдобрите. Никогаш не сме имале притисок и наградите и овој пат, се во рацете на најдобрите“, рече градоначалникот на Општина Центар.
Претседателот на општинската комисија за доделување на наградата „Феникс“, Сашо Трпески, рече дека се избрани оние кои навистина ја заслужуваат наградата, а одлуката на комисијата била едногласна. Во име на наградените се заблагодари Проф. Д-р. Христо Петрески.
„Ова признание многу ми значи, затоа што живеам во општина Центар и сакам општината да биде најдобра, најубава и најчиста“, рече професор Петрески.
Градоначалникот Жерновски посочи дека заложба на сите е чиста општина Центар и затоа е усвоена програма, од идната година да се набават возила и специјални машини кои ќе ја одржуваат чистотата во општината.
Ова се добитниците на годишната награда на општина Центар – Феникс 2015:
1. Проф. Д-р Христо Петрески – награда за постигнување во книжевноста
2. Томе Атанасов – награда за постигнување во музичката уметност
3. Дејан Неделкоски – награда за постигнување во спортот
4. Ружа Пачаџиева – награда постигнување во воспитувањето и образованието
5. Евгениј Поп-Ацев – награда за постигнување во спортот
6. Божидар Митревски – награда за постигнување во спортот
7. Матеа Штрковска – награда за постигнување во образованието
8. Марко Ристов – награда за постигнување во спортот.
„Ова ни е еден од најдрагите и најбитни проекти, сакаме да ги наградиме оние кои се најдобри и чие достигнување е од значење за развојот на о