Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола на покана на Грчката федерација за боречки вештини во периодот од 26 – 27 ноември 2016 година учествуваше на 5-тиот Интернационален и 9-тиот Сегрчки Фестивал за боречките вештини “Мигдониа” 2016-та кој се одржа во Солун а каде учествуваше и нашиот тим кој ја претставуваше Република Македонија при што освои 39 златни и 3 сребрени медали.
На 5-тиот Интернационален и 9-тиот Сегрчки Фестивал за боречките вештини “Мигдониа” 2016-та учество зедоа над 10 држави и над 100 клубови од домаќинот со над 700 натреварувачи, додека македонскиот тим беше составен од 24 натпреварувачи кои се натпреваруваат во 42 дисциплини во борби и демонстрации на самоодбрана и демонстрации со традиционално оружје
Комплетниот состав на македонската делегација од 40 лица ја предводеше основачот на Академијата “ЗА НЕД ДО” и официјален претставник за неколку светски федерации и организации од светот на боречките вештини, Grandmaster Златко Неделковски додека главен тренер на македонскиот тим е трикратнот светски првак во екстремна самоодбрана, Дијана Неделковска.”Прво бевме почестени што колегите од Грција не поканија да ја претставуваме Република Македонија на овој за нив голема и значаен настан од сферата на боречките вештини.5-тиот Интернационален и 9-тиот Сегрчки Фестивал за боречките вештини “Мигдониа” 2016-та се настани кои во Грција се репер за проверката на квалитетот во боречките вештини и тоа се настани кој не се за потценување дотолку повеќе што имаше огромен број натпреварувачи кои дошле да го покажат најдоброто од себе.Нашиот тим се покажа во одлично светло, како и што и претходно кажав, но овој пат нема да бидам скромен и ќе констатирам дека ние доминиравме на настанот. Од Солун се вративме со 38 златни и 4 сребрени медали што е само резултат на професионалноста во работата но и ангажманот на нашите натпреварувачи.” – изјави Grandmaster Златко Неделковски – шеф на македонската делегација.
Македонската делегација за овој настан посебно сака да му зе заблагодари на логистичката поддршка на првиот секретар при Генералниот конзулат на Република Македонија во Солун, господинот Златко Котевски.”Нас денес ни е роденден. 36-години од оној 'ркулец наречен Кунг Фу Клуб “Битола” од Битола до Академија за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” која е расадник на таленти во боречките вештини. Традиционално овој период од годината го прославуваме и роденденот на таткото кој ги конципирал вредностите на боречките вештини Брус Ли но ние тоа оваа година го одбележавме со овој голем успех, за нашите натпреварувачи, за нашата Академија и за Македонија. Оној сегмент во кој сум професионалец, тренерскиот, беше на завидно ниво во професионалноста и чистината на ударите и одбраната во борбите и перфекционистичката изведба на демонстрациите со традиционално оружје. Особено сум горда на моите наследници а тоа се натпреварувачите во демонстрациите во самоодбрана.” – изјави Дијана Неделковска – главен тренер на македонскиот тим и триктатен светски првак во екстремна самообдрана.Македонскиот тим се натпреваруваше во борби од контактните спортови и демонстрации на самоодбрана и демонстрации во музички форми со традиционално оружје. Демонстрации во самоодбрана – јуниори – машки
1. Филип Чокузовски [6 години] златен медал
2. Дамјан Неделковски [8 години] златен медал
3. Дамјан Михајловски [8 години] златен медал
4. Мартин Петковски [9 години] златен медал
5. Мартин Јанески [9 години] златен медал
6. Бојан Јанески [9 години] златен медал
7. Башким Узеировски [10 години] златен медал
8. Стефан Мицкоски [12 години] златен медал
9. Христијан Котевски [13 години] златен медал
Демонстрации во самоодбрана – јуниори – женски
1. Ангела Петровска [6 години] златен медал
2. Ајнет Рушитоска [10 години] златен медал
3. Мила Петковска [11 години] златен медал
4. Анастасија Кајчевска [11 години] златен медал
5. Емилија Бошевска [14 години] златен медал
6. Јована Јовановска [14 години] златен медал
7. Марина Силјанова [15 години] златен медал
Христијан Котевски е прогласен за најдобар натпреварувач во апсолутна категорија [јуниори – сениори – машки] во самоодбрана на целиот натпревар, додека Јована Јовановска е прогласена за најдобра натпреварувачка во апсолутна категорија [јуниори – сениори – жени] во самоодбрана на целиот натпревар. Демонстрации во форми со традиционално оружје
1. Дамјан Неделковски [8 години] златен медал
2. Христијан Котевски [13 години] сребрен медал
3. Филип Стојановски [15 години] златен медал
Дамјан Неделковски е прогласен за прв во својата категорија до 8 години во демонстрации во форми со традиционално оружје.
*[секој освоен медал во борби е за засебна килажна категорија]Борби во лајт контакт – јуниори – машки
1. Филип Чокузовски [6 години] златен медал
2. Филип Чокузовски [6 години] златен медал 3. Дамјан Неделковски [8 години] златен медал
4. Дамјан Михајловски [8 години] сребрен медал
5. Мартин Петковски [9 години] златен медал
6. Мартин Јанески [9 години] сребрен медал
7. Бојан Јанески [9 години] златен медал
8. Мартин Ристевски [12 години] златен медал
9. Христијан Котевски [13 години] златен медал
10. Филип Стојановски [15 години] златен медал
Борби во лајт контакт – јуниори – жени
1. Ангела Петровска [6 години] златен медал
2. Михаела Новачевска [7 години] златен медал
3. Михаела Новачевска [7 години] златен медал
4. Мила Петковска [11 години] златен медал
5. Николина Лозановска [11 години] златен медал
6. Анастасија Кајчевска [11 години] златен медал
7. Емилија Бошевска [14 години] златен медал
8. Јована Јовановска [14 години] златен медал
9. Марина Силјанова [15 години] златен медал
Борби во лоу кик – јуниори – машки
1. Сунај Мифтар [17 години] златен медал
2. Муарем Етемовски [17 години] златен медал
Борби во фул контакт – јуниори – женски
1. Маја Кузманова [15 години] златен медал
Борби во фул контакт – сениори – женски
1. Џансел Алимовска [19 години] златен медал
Пет од борбите на овој натпревар завршија со технички нокаут во полза на македонскиот натпреварувач.
На 5-тиот Интернационален и 9-тиот Сегрчки Фестивал за боречките вештини “Мигдониа” 2016-та учество зедоа над 10 држави и