сабота, 28 ноември 2026
Најново

За пласманот на ЕП фудбалската репрезентација на Македонија У-21 ќе биде парично наградена

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на седницата одржана денеска утврди награден фонд за репрезентацијата на Македонија до 21 година за постигнатиот успех – пласман на ЕП во Полска 2017 година. Со ова вкупниот фонд за репрезентацијата до 21 година за успешните натпревари во квалификацискиот циклус и пласманот на ЕП во Полска 2017 година е во износ од 230.000 евра.– Настапот на репрезентацијата во квалификациите за пласман на ЕП 2017 беше нешто посебно, игра со срце и желба за успех. Не ни беше проблем да се договориме околу решение за паричната награда. Клучно е она што репрезентативците го покажаа на терен. Заеднички покажавме нови стандарди на работење и така ќе биде и во иднина. На екипата и на селекторот Благоја Милевски им посакуваме многу среќа на Европското првенство. Покажаа дека со квалитетот припаѓаат меѓу најдобрите селекции во Европа, е ставот на членовите на Управниот одбор на ФФМ.
Противниците од групата на шампионатот селекцијата на Македонија ќе ги доби на извлекувањето кое ќе се одржи на 1.декември во Краков.– Настапот на репрезентацијата во квалификациите за пласман на ЕП 2017 беше нешто посебно, игра со срце и желба за успех. Не ни беше проблем

Поврзани вести