За помалку од 30 дена јавни обвиненија против пратеници на СДСМ за нелегално финансирање кампања и целосна партизација на државата

Еден месец на власт, а граѓаните веќе го гледаат вистинското лице на СДСМ. Пред 15-тина дена во медиумите излезе видео како членот на општинскиот огранок на СДСМ во Шуто Оризари, Геге Демировски  јавно признава дека во текот на кампањата од СДСМ добиле 80.000 евра на црно. Веднаш потоа јавноста го виде Курто Дудуш, пратеникот од СДСМ како ветува нелегални услуги и привилегии за членовите на СДСМ, поистоветувајќи ја членската книшка на СДСМ со втора лична карта, ветувајќи им на сите кои поседуваат членска книшка од СДСМ дека законот за нив нема да важи и слободно ќе можат да прават прекршоци без за тоа да бидат казнети.-Имајте доверба во мене. Демо мојот брат е овде, мора да кажам реално и искрено, дека Демо лично преку 80 илјади евра остави на маса кај мене. Ми кажа ’Геге ’земи ги овие пари, се’ што треба јас ти ја плаќам кампањата јас стојам зад тебе, рече Геге Демировски, во видео признание кое излезе во медиумите на 15 претходниот месец, директно признавајќи дека во текот на изборната кампања им биле донесени 80.000 евра на црно пари со кои можеле да се купуваат гласачи во Шуто Оризари.
Една недела по тоа, на 23 минатиот месец, излезе снимка во јавноста која ги скандализираше граѓаните. Имено невидено за демократска земја до сега, пратеник на партија на власт ветува противправни привилегии и услуги за лицата кои поседуваат членски книшки од СДСМ, поистоветувајќи ја истата како втора лична карта, со која ќе можете да правите престапи без да бидете гонет од полицијата, но и ќе бидете привилигирани за разлика од останатите граѓани за кои законите ќе важат.
–  Да се биде член на СДСМ е голема работа. Дали ќе имате проблеми во Социјално за нешто најмало, дали нема да поминете на пешачки премин и ве казни полиција, дали ќе управувате со автомобил кој не е регистриран или не сте вклучиле светилки или пак не сте врзани со појас. Дали во некое министерство ќе ти треба некаков документ, дали кога ќе отидете на лекар, ќе ви треба познанство, дали ќе треба да се вработите во некое министерство, не знам, за икс работи за секојдневни потреби. Затоа ќе биде многу битно да имате таков документ, затоа што таа ќе ти биде втора лична карта, вели Дудуш.
По изјавата на Дудуш, Заев наместо да го исклучи Дудуш од партијата, тој од него побара само извинување. Од тука се поставува прашањето дали е можно дудуш да ветува тоа што го зборува без за тоа да бидат запознаени органите на партијата? Секако дека не. Ваква детална контрола врз државниот апарат може да се воспостави единствено со целосно синхронизирани дејствија на целиот државен и партиски апарат.

– Коментарите на нашиот пратеник апсолутно се нешто за кое што ниту јас ниту Владата, ниту мнозинството се согласуваме. Се надевам дека ќе ги повлече и ќе се извини заради тоа што тоа не е наш интерес. Граѓаните треба да бидат исти пред законот и законите да важат за сите граѓани поддеднакво.Граѓаните треба да бидат исти пред институциите заради тоа што тие постојат за нив – рече Заев како одговор на новинарско прашање.

Ветување на противправни привилегии од страна на државните институции за  лица кои поседуваат членски книшки од политичка партија е врв на партизација на едно општество и неговиот државен апарат. СДСМ со ваквиот начин на работа ја руши во темел правната држава и принципот на владеење на правото, како темелни принципи врз кои се темели секое демократско општество воведувајќи систем во кој последен збор за секое едно нешто во државата  го има раководството на СДСМ, кое ќе одлучува дали ќе можете да добиете социјална помош или не, дали ќе може да идете на лекар или не и дали ќе ве казни полицаец доколку направите некој прекршок или не.  Секако сетоа тоа може да го правите и да не бидете казнети доколку имате членска книшка од СДСМ, во спротива или не ве следуваат истите противправни привилегии или ќе биде казнети и за вас за разлика од членовите на СДСМ ќе важи законот.-Имајте доверба во мене. Демо мојот брат е овде, мора да кажам реално и искрено, дека Демо лично преку 80 илјади евра остави на маса кај мене. Ми к

Пронајдете не на следниве мрежи: