Една затвореничка која е осудена на смрт во американската држава Џорџија, поднесе барање до управата на затворот, кое содржи подолга листа за тоа што сака да биде вклучено во нејзиниот последен оброк.Кели Рене Гисендејнер (46), ќе биде првата жена која ќе биде погубена во таа држава по цели седум децении. Таа ќе ја прими смртоносната инјекција на 25 февруари, пренесе Daily Mail.
За последен оброк, таа побарала: пченкарен леб со путер, два хамбургери од Бургер кинг со говедско месо, две големи порции помфрит, сладолед од ванила и вишна, пуканки, салата со варени јајца, домати, пиперки, кромид, моркови, сирење и прелив од путер, како и лимонада.
Груба проценка вели дека тој оброк содржи 4.200 калории.
Гисендејнер е осудена на смрт поради убиството на нејзиниот сопруг во февруари 1997 година. Во ноември 1998 година, беше донесена пресуда дека е виновна, бидејќи го убедила тогашното момче Грегори Брус Овен да го убие нејзиниот сопруг, Даглас Гисендејнер.
Овен се обидел да ја наговори да се разведе, но таа инсистирала да го убие бидејќи сметала дека Даглас нема да ја остави на мира и по разводот.Кели Рене Гисендејнер (46), ќе биде првата жена која ќе биде погубена во таа држава по цели седум децении. Таа ќе ја прими смртоносната инјекција н