› Јубилејнoто возило е Škoda Fabia 1.2 TSI/81 kW во месечево – бела боја
› Успешна приказна: Продажбата на Škoda се зголеми за шест пати од 1991 годна до сега
› Проф. Др. Винфрид Валанд: „Škoda ќе го продолжи својот раст“За прв пат во корпоративната историја на Škoda произведени се повеќе од еден милион возила во една календарска година. Во главната фабрика во Млада Болеслав, јубилејниот автомобил – Škoda Fabia 1.2 TSI / 81 kW во месечево – бела боја излезе одпроизводната лента. Со ова достигнување чешкиот производител на автомобили ја потврди својата меѓународна стратегија за раст.
“За прв пат во 119-годишната историја на нашата компанија, Škoda ја премина магичната граница од еден милион возила кои беа произведени во една година”, изјави извршниот директор на Škoda д-р Винфрид Валанд. “Со ова достигнување брендот и целиот тим може да се гордее. Но, ние тука нема да застанеме и безгрижно да уживаме во овој успех. Škoda ќе продолжи да расте. ”
Најсеопфатната моделска кампања во историјата на Škoda ги креираше основите за раст. Уште од 2010 година, чешкиот производител сеопфатно ја обнови својата гама и се прошири во клучните области, особено во главната фабрика на Škoda во Млада Болеслав – срцето на глобалното производство на Škoda. “Бројката од еден милион возила произведени оваа година ја демонстрира силата на нашата Република и на меѓународните производствени погони како и на способноста на нашиот тим за производство”, изјави Мајкл Олеклаус, член на управниот одбор на Škoda за производство и логистика. “Ние планираме да го модернизираме и прошириме производството на Škoda во годините кои доаѓаат.”
Кулминацијата во производството е постигнато и уште еднаш се нагласува одличниот развој на чешкиот производител на автомобили, особено во последните две децении. Од падот на железната завеса, во април 1991 година, брендот се приклучи кон Volkswagen групацијата, со што Škoda шест пати ја зголеми продажбата. Брзото оживување на легендарниот автомобилски бренд навистина беше импресивно – од компанија сместена во срцето на Европа, па се до меѓународно успешен производител кој во моментов има голема гама составена од седум сериски модели и над 40 варијации на истите.
Од производство на само еден модел во 1991 година – Favorit, Škoda денес ја нуди најголемата и најатрактивната палета на производи на сите времиња.
Важен столб на растот во последните неколку години е развојот на новите пазари надвор од Европа. Во почетокот на 90-тите, чешкиот бренд сè уште еднострано се фокусираше на домашниот пазар и во земјите од Централна и Источна Европа. Денес, Škoda ги продава своите производи во над 100 земји од целиот свет. Кина е најголем пазар на брендот од 2010 година. Во првите единаесет месеци од оваа година, продажбата на кинескиот пазар изнесува една четвртина од вкупната продажба на Škoda.
Наспроти ова, Škoda става акцент на локалното производство во клучните светски пазари и на проширувањето на капацитетите на домашниот пазар, како дел од меѓународната стратегија за раст.
Škoda Auto
> Една од најстарите компании за производство на автомобили во светот. Од 1895 година, со седиште во Чешка, Млада Болеслав ŠKODA најпрво започна со производство на велосипеди, а набргу потоа со производство на мотоцикли и автомобили.
> Во моментов гамата ја сочинуваат седум патнички модел: Citigo, Fabia , Roomster / Praktik, Rapid, Octavia, Yeti и Superb.
> Во 2013 година испорачани беа околу 920 800 возила ŠKODA кон клиентите од целиот свет
> Брендот ŠKODA се спои со Volkswagen во 1991 година. Групацијата Volkswagen е една од најуспешните автомобили групации во светот. ŠKODA, во соработка со групацијата, независно произведува и развива возила, како и компоненти, мотори и погонски системи.
> Произведува во повеќе земји: Чешка, Кина, Русија, Словачка и Индија, главно, преку партнерство со групацијата а во Украина и Казахстан преку локални партнери.За прв пат во корпоративната историја на Škoda произведени се повеќе од еден милион возила во една календарска год