За прв пат во Македонија беше извршена операција на срце под локална анестезија

На Клиниката за државна кардиохирургија врз четворица пациенти е изведена трансартериска аортна валвуларна имплантација, процедура наречена ТАВИ. Една од четирите интервенции по прв пат е направена со локална анестезија, значи пациентот додека се работела интервенцијата бил во свесна состојба.Станува збор за интервенција која ја извеле интервентен кардиолог и кардиохирург, а во која на пациентите им менува аортен залисток без да запирање на срцето и без отворање на градниот кош.
– Ова е процедура која е првпат изведена во Македонија во јавно и во приватно здравство, а веројатно и во поширокиот регион. Државната клиника за кардиохирургија работи турбо и практично и да нема слободен кревет, изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска ја посети таа јавна здравствена установа. 
Според него, тоа го докажува задоволството и репутацијата која за кратко време за стекна Државната кардиохирургија во Македонија, која работи со многу искусен тим не само во рамки на македонскиот здравствен систем, туку и во рамки на европските здравствени системи, кој може да се носи со најдобрите кардиохирушки тимови во Европа.
– Соработката меѓу Клиниката за кардиологија и Државната кардиохирургија се одвива одлично, заемно работат на нови методи кои претходно не се работеле во Македонија, за кои пациентите се испраќале во странство или во приватни болници со што сериозно се подигнува нивото на јавното здравство во Република Македонија, додаде Тодоров.
Кардиохирургот Омер Џемаили истакна дека е горд бидејќи ги извеле првите тави процедури заедно со нивните колеги од кардиологија.
– На овие пациенти им се замени аортен залисток. Вообичаено се прават со машина значи се запира срцето се оди на машина и се менува валвулата. Новите опции се овие кои ги нарекуваме тави. На буден пациент ставаме залисток без да го запреме срцето и без да го отвориме градниот кош, додаде Џемаили.
Интервентниот кардиолог Слободан Антов рече дека ја промовираат и последната комплексна терапевтска метода која се извршува на нивната клиника под раководство на проф.Сашко Кедев и неговиот тим.
– Веќе четврта група пациенти ја помина успешно оваа интервенција. Сите пациенти се добро и се на возраст над 75 години. Сите потешки пациенти со напредната срцева мана од стекнат тип имаат потреба од ваква интервенција. Оваа срцева аномалија е почеста кај возрасни пациенти. Високооперативниот ризик при класична хирургија довел да се развие оваа интервентна процедура, рече Антов.
Појасни дека старосната граница на пациентите веќе се поместува и на помлади пациенти им се изведува ваква интервенција.
Овие методи, истакна, се во голем подем во целиот свет посебно во Германија каде повеќе од 50 отсто од пациентите завршуваат со транскатетарска имплантација на аортна валвула додека само мал дел одат на класична хирургија.
–  Се надевам дека бројот на интервенции од овој тип во нашата земја ќе расте на задоволство на сите пациенти, додаде Антов. 
Директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Стефаноски истакна Фондот во координација со Министерството за здравство ги планира и обезбедува потребните финансиски средства за вршење на овие процедури.
– За ова процедура во буџетот за 2016 година најмалку 20 милиони денари ќе бидат расположливи за овие две клиники за да ги развиваат и да ги вршат овие процедури врз оние пациенти на кои им е воспоставена медицинска индикација за тоа. И понатаму ќе останеме посветени на воведување нови методи со што и финансиски ќе ги поткрепуваме и мотивираме македонските здравствени установи, додаде Стефаноски.Станува збор за интервенција која ја извеле интервентен кардиолог и кардиохирург, а во која на пациентите им менува аортен залисток без д

Пронајдете не на следниве мрежи: