За спас на животот на Дуле ургирал и министерот Тодоров!

Како што пишува весникот „Вест“, вечерта во саботата и министерот Тодоров ургирал за Брза Помош за Дуле. Жената на Дуле барала Брза Помош вечерта во саботата, но откако била одбиена, се јавила кај министерот Тодоров кој веднаш ургирал за Дуле. 
“Дуле не беше добар. Вирус, висока температура, треска. Се јавив во Брза помош и им реков: Една кола во Аеродром, мојот сопруг не е добар. И од 194 ме прашаа што му е, јас реков висока температура, не може да оди. Господинот од таму ми вели дека за таква работа кола не праќаат. Откако му реков дека не може да оди, ми одговори да се снајдеме, „Однеси го во Јане Сандански“. Немав избор, го фатив за рака, и ќерка ми беше со нас, ама Дуле исчекори два чекора и падна. Собрав некако сила, го вратив назад и му пишав на министерот Тодоров за случајот. Не го познавам лично, ама има слушано зборови од Дуле дека е многу добар човек. Го најдов бројот кај Дуле во телефон и му раскажав се. Не поминаа ни 5 минути, ми се јави директорката на Државна, ја известил Тодоров, и таа се погрижи за се“ – вели сопругата на Дуле за весникот Вест.
Се уште нема потврдна информација од министерот Тодоров дали навистина ургирал за Брза Помош за Дуле. 
Пејачот Дуле почина утрово на една од болниците во Скопје. Информациите дека боледувал од рак се неточни, а неговите блиски потврдија дека Дуле имал проблеми со срцето. Жената на Дуле барала Брза Помош вечерта во саботата, но откако била одбиена, се јавила кај министерот Тодоров кој веднаш ургирал за Дуле. 

Пронајдете не на следниве мрежи: