За ВМРО-ДПМНЕ во интерес на Македонија е да ги развива правата на помалите етнички заедници

Пратеникот Зекир Рамчилович од редовите на Коалицијата за подобра Македонија на панел дискусијата ,,Единствени во почитувањето на мултикултурализмот и заедништвото’’ најпрвин го честита празникот на сите припадници од исламска вероисповест.Тој изјави дека нашата држава колку и да саке некој на друг начин да ја прикаже е мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална и тоа понекогаш ги отежнува процесите, но токму таа различност дава голем број на различни идеи кои придонесуваат во развојот на нашето оштество. Според Рамчиловиќ мултиетничноста е позитивна карактеристика на македонсото општество и треба да се негува.
Тој истакна дека факт е дека во Македонија за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ има позитивен развој во правата на помалите заедници . Во минатото припадниците на помалите заедници се чуствувале магинализирано и имале чувство дека живеат во бинационална држава. Ако се направи анализа на целиот тој процес најголемиот број на позитивни промени за помалите етнички заедници се случиле кога на власт беше коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се однесува и на заедницата на бошњаците на која Зекир Рамчиловиќ припаѓа.
Рамчиловиќ изјави дека за ВМРО-ДПМНЕ во интерес на Македонија е да ги развива правата на помалите етнички заедници бидејќи тие претставуваат еден кохезивен фактор во нашето општество. Токму првиот пратеник во 1998 претставник на бошњачката заедница беше Алија Шахиќ како дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и од тогаш во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ секогаш има пратеник на бошњачката заедница во Собранието на Република Македонија.
Факт е дека и до ден денс има 25 политички партии дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои на некој начин ја претставуваат отвореноста на партијата кон поразличните, по вера и етничка припадност. На тој начин може да се види како ВМРО-ДПМНЕ ја гледа својата партија и својата држава. Дополнително во ВМРО-ДПМНЕ има претставници и високи функционери од сите вери и етнички заедници .
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ отвори тв редакција и радио на Босански јазик исто така во 2008 година воведе предмет Јазик и култура на Бошњаците како и за сите други помали етнички заедници. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во две училишта воведе настава на босански јазик. Во 2007 година сите заедници добија свој ден за празнување со тоа се афирмираше чувство кај бошњаците како и кај сите други заедници за припадност кон оваа држава.
 
За пратеникот Зекир Рамчилович ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија која се грижи за интересите на помалите етнички заедници.Тој изјави дека нашата држава колку и да саке некој на друг начин да ја прикаже е мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална и тоа понекогаш

Пронајдете не на следниве мрежи: