Малиса Луис од Кентаки, САД, доцнела на работа и се обидела да оди по скратен пат. Одеднаш на патот видела црно ќесе за смет, која се движела по патот.Застанала со автомобилот иако имала многу кусо време, а тоа што го нашла ѝ го скршило срцето. Тоа било црно напуштено кученце со ланче околу вратот.
Објавила оглас, никој не се пријавил, па таа и нејзиното семејство го посвоиле.
Иако неговата судбина за малку не завршила трагично, кучето кое сега го носи името Хефти сега е здрав, среќен и во добри раце.
Застанала со автомобилот иако имала многу кусо време, а тоа што го нашла ѝ го скршило срцето. Тоа било црно напуштено кученце со ланче околу вратот