Заборавете на пеглата: Бананите, целерот и вотката ќе ви ја исправат косата

Вотката ги потхранува фоликулите на косата, кокосовото масло е најдобро за малку кадрава коса, а смесата од банана и папаја ќе ви ги исправи врвовите на косата и ќе ви го врати сјајот.Редовното користење на пегла за коса, како и користењето на разни хемикалии на косата, ја прави послаба и лесно кршлива.
Истиот ефект, рамна и сјајна коса можете да го постигнете и без агресивен третман, а сите потребни намирници може да ги пронајдете во кујната.
Вотка
Славната манекенка Ева Херцигова ја користи за осветлување, но вотката е еднакво добра и за израмнување на косата. Доволно е да ја помешате со регенератор и да ја нанесете на косата. Меѓутоа не се препорачува да се користи пречесто, бидејќи може да ја исуши косата.

Кокосово масло
Тоа е најприкладно за благо – кадрава коса, а доволно е да го нанесете на влажна коса. Косата треба да ја исчешлате и исушите.
Целер
Во блендер помешајте еден целер и додадете малку вода. Добиената смеса ставете ја во шише со распрскувач, нанесете ја на косата и оставете да делува од 15 до 20 минути. Потоа измијте ја со шампон.
Банани и папаја
Помешајте една зрела банана, папаја и две лажици мед и смесата нанесете ја на косата. Откако косата целосно ќе се исуши треба да ја измиете и исушите. Смесата од банани и папаја ќе ги зајакне врвовите, ќе ја нахрани косата и ќе го спречи виткањето. Редовното користење на пегла за коса, како и користењето на разни хемикалии на косата, ја прави послаба и лесно кршлива.
Истиот ефект, рамн

Пронајдете не на следниве мрежи: