Денес користиме шпил од 52 карти. Имено, овие карти потекнуваат од француските карти кои датираат од 15 век.
Картите со четири знаци, односно детелина, лист, баклава и срце се користеле во цела Европа.
А во минатото на картите пишувало и кому му припаѓаат.
Па така, кралот срце го претставува Карло Велики (742-814), познатиот француски крал крунисан во 800 година. Додека дамата срце е неговата убава вдовица Џудит, библиска личност која ја користела својата убавина и итрина да ја отсече главата на асирскиот војсководец Холоферн.Џандарот срце е Ла Ир, соборец на Јованка Орлеанка (1412 – 1431).
Кралот баклава е Јулиј Цезар (100-44 п.н.е) римски војсководец. Дамата баклава е Рахила, втората жена на пророкот Јаков и мајка на Јосеф и Венјамин.Џандарот баклава е грчкиот херој Хектор, син на тројнскиот крал Пријам и Ахиловиот соперник, овековечен во Хомеровата „Илијада“.
Кралот детелина е Александар Велики (356-323), македонскиот крал и познат освојувач кој го создал царството кое се простирало од Грција до Индија.Дамата детелина е Аргина, а тоа може да биде и анаграм од зборовите регина (лат. кралица) или искривен облик на името Аргеа, како што се нарекувала митолошката принцеза од Арга.Џандарот детелина е Јуда Макавејски, херој од еврејската побуна против владеењето на Селеукида (1 века п.н.е).
Кралот лист е израелскиот крал Давид (10 век п.н.е.), јунак кој го убил Голијат а пак дамата лист е Атена, грчката божица на мудроста. Џандарот лист е Холгар Дански, личност од данската епска поезија.Денес користиме шпил од 52 карти. Имено, овие карти потекнуваат од француските карти кои датираат од 15 век.